29 Септември, 2024
0.0260

ЛАЖЕЛЕ ДЕКА СЕ СЕРИОЗНА ФИРМА И ЗЕМАЛЕ СТОКА - двајца скопјани обвинети за измама

Објавено во: Македонија 14 Април, 2020

Добивај вести на Viber

И во време на страв од коронавирус, некои мислат како д измамат други и брзо да дојдат до нечесна заработувачка.

Двајца скопјани се обвинети за измама. 

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднел Обвинителен предлог против две лица, од кои едното се товари за продолжено кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, додека другото лице е обвинето за помагање при извршувањето на истото кривично дело.

Надлежниот јавен обвинител побара од Судот за првообвинетиот да биде продолжена претходно определената мерка притвор, а за второобвинетиот – мерката куќен притвор , со цел непречено водење на кривичната постапка.​

Во периодот од 4 декември лани до 6 април годинава, првообвинетиот, со умисла, а помогнат од второобвинетиот, извршил четири временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на ова дело, искористувајќи исти прилики и други слични околности.

Првообвинетиот, со намера да прибави противправна имотна корист, телефонски контактирал управител на правно лице од Неготино и лажно му се претставил како комерцијалист во фирма АЛФИ-И-2019 ДООЕЛ Скопје и навел дека на правното лице му е потребна стока за нов маркет кој набргу треба да биде отворен. Притоа нарачал стока – кoмпресори и пумпи во вкупна вредност од 239 илјади денари. Второобвинетиот ја примил стоката во магацин на Качанички пат и се потпишал на испратницата. Но, лицата кои ја испорачале стоката инсистирале на испратницата-фактура да биде ставен и печат на фирмата, па откако забележале дека печатот и името на фирмата на која гласи фактурата не се совпаѓаат побарале да си ја земат стоката назад, што не им било дозволено.

Неколку дена подоцна, првообвинетиот се јавил кај фирма во Скопје и на истиот начин нарачал четири парчиња Вибро игли за бетон и два конвертори со вкупна вредност од 194.606 денари, кои наводно му биле потребни за нов магацин кој треба да се отвори во населба Илинден. Оштетениот побарал претходна гаранција, но обвинетите го уверувале дека станува збор за сериозна фирма и дека исплатата на стоката ќе биде направена за 3-5 дена, по што го поканиле во седиштето на фирмата за да се увери за каква фирма станува збор. Оштетениот го испратил неговиот татко, а двајцата обвинети лично го уверувале во сериозноста на фирмата, по што стоката била испорачана. Второобвинетиот се потпишал на фактурата и уште еднаш лажно ги потврдил податоците на правното лице кое се јавило како купувач.

Кон крајот на декември минатата година, првообвинетиот телефонски стапил во контакт со шеф на магацин во третото оштетено правно лице и се претставил како управител на фирма која е заинтересирана за купување акумулатори. Откако биле договорени деталите, лично отишол во магацинот на оштетеното правно лице, ги уверил управителот и шефот на магацинот во сериозноста на неговата фирма и во два дена подигнал акумулатори во вкупна вредност од 285.364 денари.

На крајот на март годинава, првообвинетиот телефонски стапил во контакт со управител на правно лице од Кадино и навел дека е заинтересиран за купување генератор, при што била договорена цена од 10.500 евра во денарска противвредност. Истиот ден обвинетиот пристигнал во магацинот на оштетеното правно лице за да ги договори деталите за исплата преку наводна кредитна рамка од една банка. Откако биле договорени деталите, оштетената форма испорачала агрегат во вредност од 645.750 денари. Следните два дена, обвинетиот лично одел во оштетената фирмата и подигал и друга стока вредна 205.669 денари.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна