Лажна вест за апсење на Абрамович,потонаа неговите акции
Објавено во: Свет 25 Март, 2013 23:06
Џон Ман, адвокатот на Роман Абрамович демантираше денеска дека рускиот олигарх и милијардер е уапсен во САД. Тој информираше дека тврдењето на некои руски интернет медиуми дека ФБИ го уапсиле Абрамович и го задржиле во притвор се неточни.
„Абрамович се наоѓа во Њујорк,но не е уапсен“,изјави Ман за лондонските медиуми.Сепак веста за наводното апсење на петиот најбогат човек во Русија и 50-ти на листата на најбогатите во светот, според списанието „Форбс“ предизвика бранување на лондонската берза.
За 6% падна вредноста на акциите на неговата компанија „Евраз“ со седиште во Лондон откако се појави веста за апсењето. Сепак тој Њујорк заминал приватно со својата јахта „Еклипс“ вредна од 1,5 милијарди долари за да присуствува на породувањето на неговата партнерка Даша Жукова. Тоа ќе биде седмото дете на Абрамович од неговите претходни бракови и врски.
Фирмата „Евраз“ се занимава со челик и таа се создаде по спогодбата што Абрамович успеа да ја издејствува со „Норилск никел“ најголемиот светски производител на никел.
Според „Форбс“ Абрамович има лично богатство од 14 милијарди долари.Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




