Лажни брендови се продаваат како оригинали на Бит Пазар, еве како да ги препознаете
Објавено во: Економија 29 Февруари, 2016 19:52
Млад скопјанец набавил фалсификувани чизми „ Тимберленд” и сакал да ги продава како оригинали на импровизирана магацин тезга во непосредна близина на Бит Пазар.
Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против лицето скопјанецот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма.
Тој заедно со неговиот брат бил запрен од полицијата, а при претрес на багажниот простор биле пронајдени 19 пара машки зимски чизми од трговската марка „Тимберленд“.
Инаку, фалсификаторите на производи толку се имаат усовршено, што навистина е тешко да се препознае дали производот е „фуш” или оригинал.
За да не бидете измамени, ви даваме неколку трикови кои ќе ви покажат дали се работи за оригинал или фејк Најк патики. Дел од овие тактики можите да ги користите за други брендови.
- Амбалажа
Фалсификатите на брендовите најчесто не доаѓаат во оригинална кутија. Често се спакувани само во пластична ќеса и без кутија. Од друга страна, кога имаат кутија, картонот е далеку понеквалитетен и помек од оној на оригиналната кутија.
- Состав на етикета
Ако веќе поседувате оригинални патики, споредете ги со оние што планирате да ги купите и добро прочитајте го составот на етикетата.
- Позицијата на врвките
Погледнете како се наместени врвките. Кај фалсификатите, главно се прескокнати некои од дупчињата за врвки.
- Фабрички број
Сите оригинални Најк патики имаат свој единствен фабрички број (SKU number), кој е впишан на етикетата на внатрешноста на патиката и треба да се совпаѓа со оној на кутијата. Ако бројот таков број не постои или оној на патиката не се совпаѓа со оној на кутијата, се работи за фалсификат
- Нереално добра цена
Кога цената е премногу добра за да е вистинита, обично и не е. Избегнувајте ги моделите чија цена е многу пониска од продажната – несомнено се работи за фалсификат.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




