26 Април, 2024
0.0296

Лажни здравствени совети кои треба да ги игнорирате во врска со коронавирусот

Објавено во: Стил 08 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Коронавирусот се појавува во повеќе земји низ целиот свет и кај нас има тројца пациенти на кои им е потврден вирусот,  а засега нема лек. Покрај препораките од здравствените власти и надлежните за заштита, се појавија и многу здравствени совети кои се бескорисни, но дел од нив се и од релативно безопасни, до опасни совети.

Ги разгледавме некои од најраспространетите совети што се споделуваат на Интернет, а еве што за нив вели науката.


1. Лук

На Фејсбук се споделуваат многу објави кои препорачуваат да се јаде лук за да се спречи инфекцијата.

СЗО (Светската здравствена организација) вели дека иако е „здрава храна која може да има антимикробни својства“, нема докази дека јадењето лук може да ги заштити луѓето од новиот коронавирус.

Во многу случаи, овие лекови не се штетни сами по себе, се додека тие не ве спречуваат да следите медицински совети засновани врз докази. Но, тие имаат потенцијал да бидат.

South China Morning Post објави приказна за жена која морала да добие болничко лекување за сериозно воспалено грло, откако конзумирала 1,5 килограми суров лук.

Општо, знаеме дека јадењето овошје и зеленчук и водата за пиење може да биде добро за да останете здрави. Сепак, нема докази дека специфична храна ќе помогне во борбата против овој специфичен вирус.


2. „Чудо минерали“

Јутуберот Jordan Sather, кој има илјадници следбеници на различни платформи, тврди дека „чудотворен минерален додаток“, наречен MMS, може да го „избрише“ коронавирусот.

Содржи хлор диоксид - средство за избелување.

Сатер и другите ја промовирале супстанцијата уште пред појава на коронавирус, а во јануари тој твитнал дека „не само што хлорот диоксид (ака MMS) е ефикасен убиец на клетките на ракот, туку може да го избрише и коронавирусот“.

3. Домашно направено средство за дезинфекција

Има многу извештаи за недостаток на гел за дезинфекција на раце, бидејќи миењето на рацете е еден клучен начин да се спречи ширењето на вирусот.

Како што се појавија извештаи за недостигот на средството за дезинфекција во Италија, така се правеа и рецептите за домашен гел на социјалните медиуми.

Гелови за дезинфекција за раце врз основа на алкохол обично содржат и емолиенти, што ги прави понежни за кожата.

Професорката Сали Блумфилд, од лондонската школа за хигиена и тропска медицина, вели дека не верува дека би можеле да направите ефикасен производ за санирање на рацете дома - дури и вотката содржи само 40% алкохол.


Подетално читајте на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти