ЛДП ВЕЧЕРВА ЌЕ РАСПРАВА КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ИЗБОРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ - Централниот одбор е свикан на иницијатива на претседателката Зајкова
Објавено во: Македонија 30 Мај, 2024 14:20
Вечерва во хотелот Континентал, во 19 часот ќе се одржи Централен одбор на на ЛДП, на иницијатива на претседателката Моника Зајкова, а како што говорат сознанијата на Фактор, главни точки кои ќе се разгледуваат се на тема избори, како и за одговорноста за резултатите, но и насоки за понатамошно делување на партијата.
Како што е познато, лидерката на ЛДП, Моника Зајкова, беше коносител на изборната листа на коалицијата со СДСМ во Изборната единица 1, заедно со лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, каде покрај нив двајца, влезе уште една пратеничка од таа партија.
Со прегласувањето имаше надеж дека и Боби Мојсовски од таа партија би можел да добие пратеничко место, но тоа не се случи.
Можеби ќе ве интересира
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите




