18 Декември, 2025
0.0546

ЛЕБОТ ВО ИТАЛИЈА СТАСА ДО 10 ЕВРА: Во Грција до 2.60 евра, гирото поскапело

Објавено во: Економија 23 Март, 2022 13:34

Добивај вести на Viber

Инфлацијата и војната во Украина, покрај цените на гасот и струјата, доведуваат до поскапување на брашното, житариците и пченката. Во речиси сите европски земји има значаен раст на цената на овие производи, а Европјаните почнаа да купуваат леб и по 10 евра. Последната информацијае од  Италија каде според пишувањата лебот поскапел до 13 пати. Просечната цена на лебот е 5,31 евро за килограм, но некаде достигнува и до 10 евра, што е рекорден пораст во Италија.

По само една недела од војната во Украина, цената на пченката во Италија, која увезува дури 64 отсто пченица, се зголеми за 17 отсто, а сојата за исхрана на животните за шест отсто. Ова е анализа на Coldiretti (најголемото здружение за застапување и помош на италијанското земјоделство) врз основа на анализата на Чикашката берза која е светска референца за трговија со земјоделски производи.

Она што доведува до овие зголемувања е затворањето на пристаништата на Црното Море, што ги спречува испораките и создава недостиг на светскиот пазар, каде Русија и Украина заедно држат 29 отсто од извозот на пченица и 19 отсто од пченката.

Состојбата директно ја погодува Италија, која увезува дури 64 отсто пченица за производство на леб и 53 отсто пченка која и е потребна за прехранување на добитокот, покажува анализата на Колдирети.

Исто така, таа анализа покажува дека Украина е втор најголем снабдувач на пченка во Италија со учество од нешто повеќе од 20 отсто, но гарантира и пет отсто од националниот увоз на пченица.

„Ова е момент на голема неизвесност поради војната во Украина. „Ќе се обидеме да не го пропуштиме лебот на трпезите на Италијанците и се надеваме дека пекарите нема да ги зголемат цените, со оглед на тоа што знаат низ што поминуваат семејствата“, изјави Матео Кунсоло, претседател на Здружението на пекари на Милано и неговата околина.

Во Италија килограм тестенини чинеа две евра, а сега достигнуваат 4,71 евра.

Имаше информации дека во Милано еден леб чини 8 евра, а во ноември лани чинеше 4.50 евра.

Еве ги цените на килограм леб во Грција:

Олимпија - 2,60 евра

Милош - 2.50 евра

Серес - 2.40

Амфилохиа - 2.40 евра

Патрас - 2 евра

Цената на гирото е над 3 евра.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа