19 Декември, 2025
0.3681

Легализацијата на дивоградбите продолжува, но за многу поскапо

Објавено во: Економија 11 Декември, 2023 07:50

Добивај вести на Viber

Измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти по скратена постапка влегоа во Собранието, со што продолжува легализацијата на дивоградбите, но наместо како претходно за едно веро по метар квадратен,  тоа ќе може да се направи со плаќање на основната комуналија, која ќе биде поскапа за 50, односно 100 отсто.

Државата нема прецизна статистика колкав е бројот на дивоградби во државата. Главен аргумент е дека и по истекот на стариот закон, масовно се градело на диво, а уривањето многу ќе ги чини општините. Според надлежните, во Македонија има околу 50.000 дивоградби, чиј статус мора да се регулира.

Легализацијата ќе важи за дивоградбите кои биле подигнати до 31 декември 2022. За оние до 80 метри квадратни, ќе се плаќа редовна комуналија плус 50 отсто, а за поголемите ќе се наплаќа за 100 отсто повисок комунален трошок. Рокот за легализација се продолжува до 31 декември 2024. Штом се изгласа овој закон, се запираат старите управни и судски постапки.

„Висината на надоместокот за утврдување на правен статус за објектите со намена домување во станбени куќи согласно со правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и за електронските комуникациски мрежи и средства се пресметува врз основа на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште кој се пресметува во постапката за добивање на одобрение за градење за овие објекти, и тоа за делот од површината на бесправниот објект до 80 м2 се зголемува за 50%, а за делот од површината на бесправниот објект над 80 м2 се зголемува за 100% и се множи со површината на бесправниот објект која е утврдена со геодетскиот елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект“, запишано е во еден од членовите кои носат измена.

Претходно министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во декември 2021 претстави една верзија на предлог-закон за добивање правен статус на бесправно изградени објекти, но актот по редовна постапка не беше донесен.

Еден предлог претходно истата година доби вето од страна на претседателот Стево Пендаровски и Владата го повлече. Претставници на стручната фела, членовите на Државната комисија за спречување на корупција, невладините организации, архитекти и правни експерти побараа предлог-законот за легализација на бесправно изградените објекти да се повлече, да се направи попис и категоризација на дивоградбите за да се утврди нивниот точен број, па потоа да се пристапи кон изработка на соодветно законско решение.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии