Легенда, лидер, икона: Адамс на 50 години - слава, алкохол, затвор
Објавено во: Спорт 11 Октомври, 2016
Тони Адамс - легенда, лидер и победник, заокружи вчера половина век. Без сомнение еден од најголемите фудбалери на сите времиња, кој го облекол дресот на Арсенал. Поранешниот централен дефанзивец има место во срцето на секој приврзаник на „Топџиите“, откако многупати во легендарната кариера му донесе слава на клубот, во поголемиот дел од времето, со капитенската лента на раката.
Во 1988 година тој стана најмладиот капитен во историјата на Арсенал на 21-годишна возраст. Меѓу 1983 и 2002 година Адамс одигра 699 натпревари за клубот од Северен Лондон и го изведе до 10 големи титули. Само Дејвид О'Лири има повеќе натпревари за „Топџиите“ - 722.
Адамс останува единствениот човек кој го извел тимот со капитенската лента до шампионска титула во три различни децении. Цифрите сепак не ја кажуваат целата приказна. Тој успеа успешно да помине низ толку различни епохи на менаџери како Џорџ Греам и Арсен Венгер. Додека Венгер правеше револуционерни промени во клубот, Адамс не само што опстана, тој достигна до својот максимум. Притоа колосот во одбраната доби статус на легенда не само во клупскиот тим. Тој има 66 натпревари за Англија со 5 гола, бил и капитен на својата земја 15 пати.
Но кариерата на Тони Адамс не е само една убава бајка. И покрај сите успеси на теренот неговиот живот надвор од фудбалот беше обележан од прилично многу скандали во почетокот. Роден во Ромфорд, легендата се бореше тешко со алкохолизмот. Тоа беше различно време кога неколку пива на брзина на враќање од гостување и постојаните пијанки со соиграчите кои траат со денови, се сметаа за нешто нормално. Адамс сепак настрада повеќе од останатите од погубното влијание на алкохолот.
Во мај 1999 година тој удри со својата Форд Сиера во ѕид во Рејли со 4 пати повисока содржина на алкохол во крвта од дозволеното. Во декември истата година беше осуден на 4 месеци затвор, од кои отслужи два, но дури и тоа не го смири. Следеа уште инциденти со алкохол, вклучувајќи паѓање по скали, по што главата требаше да му биде сошиена со 29 конци; празнење на противпожарни апарати и пукање со сигнален пиштол во тоалет за инвалиди, заедно со соиграчот Реј Парлоу во „Пица Хат“.
Сознанието дека неговата кариера и живот се пред целосен дебакл, Адамс призна јавно во септември 1996 година дека е алкохоличар, кој има потреба од помош. Нема сомневање дека за неговото лечење помогна доаѓањето на Арсен Венгер во Арсенал во октомври истата година. Французинот наложи во клубот режим и исхрана, од кои Адамс имаше корист за да стане опасниот централен дефанзивец со чувствителна душа, која подоцна се врати на образованието и дури се научи да свири на пијано. Изгледаше дека со возраста тој станува се подобар и подобар, откако се избори со своите кошмари. Откако му ја остави капитенската лента при доаѓањето во клубот, Венгер изјави: „Тој беше весел и безгрижен играч во комбинација со силна гордост и свирепост. Тоа беше човекот кој секогаш наоѓаше сили и резерви, за да игра на врвот на своите можности. Тоа беше заштитен знак на четворицата од одбраната, кога дојдов - тие сите беа такви, беа како него. Човек понекогаш се чудеше во текот на неделата дали ќе бидат на линија, но тие секогаш ме изненадуваа и беа секогаш многу подобри отколку што претпоставувавме“.
Тренерот Адамс не го достигна нивото на фудбалерот Адамс. Тој се зафати да учи спортски науки на Универзитетот Бруно, за да се подготви, и беше назначен за менаџер на Викомб Вандерерс во ноември 2003 година. Но ја напушти функцијата по година поради лични причини, според неговите зборови. По престојот како тренер во холандски Феенорд, Адамс беше назначен за помошник-менаџер на Хари Реднап во Портсмут во 2006 година, а во 2008 година го доби менаџерскиот пост. Тој, сепак, не успеа на „Фратон Парк“ и беше отпуштен во февруари 2009 година, по само 16 натпревари на чело, во кои Портсмут освои 10 поени. Отиде во Азербејџан како тренер на Кабала, а во моментов е шеф на младинската школа на кинескиот Шонгин Лифан, откако го отфрли предлогот да го води тимот до 18 години на Арсенал.
Во 2004 година, Адамс беше примен во Салата на славните на англискиот фудбал за заслугите, а негова статуа беше крената пред новиот стадион на Арсенал „Емирати“. Тој беше извонреден фудбалер. Но можеби начинот на кој го промени животот и по затворската ќелија, тој стана единствениот во англиската фудбалска историја, капитен на шампионски во 3 различни децении, пто го претвора во нешто повеќе од една икона.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.