Лекарите бараат нови рестриктивни мерки: Секојдневно треба дополнителен кревет
Објавено во: Македонија 18 Март, 2021
Комисијата за заразни болести сериозно да го земе предвид воведувањето на дополнителни рестриктивни мерки и протоколи, бара Лекарската комора на Македонија.
„ Свесни сме за фактот дека овие мерки се крајно непопуларни, но во интерес на одржливост на болничките капацитети и зачувување на јавното здравје, како здравствени професионалци, сметаме дека нивното воведување е повеќе од потребно. Само со холистички пристап и земање на сите фактори предвид и со промптна реакција на сите полиња можеме целосно да се избориме со вирусот, стои во соопштението од Лекарската комора.
Апелираат сите граѓани да ја препознаат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме предизвикана од ширењето на ковид-19 и со заеднички придонес и делување да им помогнат на лекарите во борбата за заштита на индивидуалното и колективно здравје, бидејќи тоа е единствениот начин да се спречи понатамошното ширење на вирусот и да се избегне колапс на здравствениот систем.
Податоците од Институтот за јавно здравје укажуваат на тоа дека третиот бран на вирусот зема голем замав и веќе на дневно ниво се регистрираат над 1.000 заболени. Само од први март, кога имало 8.369 регистрирани активни случаи, до денес оваа бројка е веќе искачена на 12.819 болни. Паралелно растат и бројките на пациенти кои поради сериозноста на здравствената состојба и компликациите предизвикани од ковид-19 имаат потреба од болничко лекување. Капацитетите на болниците речиси се исполнети, секојдневно бараме дополнителен кревет за згрижување на тешко болните.
„Голем проблем за одржливоста на здравствениот систем претставува и намалувањето на бројот на активни здравствени работници, бидејќи и меѓу нив расте бројот на заразени и на оние кои се во самоизолација, а дополнително е и тоа што се соочуваме и со премореност, бидејќи епидемијата трае многу долго. Голем дел од кадарот кој работи во ковид центрите одамна не работи по систем на ротации, а многу здравствени работници немаат користено годишен одмор. Во услови на намален број на здравствени работници и непостоење на начин за кратко време тој да се зголеми станува јасно дека помал број на лекари, медицински сестри и болничари треба да се грижат за значително поголемиот број пациенти што неминовно влијае на квалитетот на здравствената нега која се добива. На крај, со ангажирање на здравствените капацитети во лекувањето на ковид-19, неминовна последица е сведување на минимум на капацитетите за дијагностицирање, лекување и згрижување на болни со не-ковид патологија, што дополнително го загрозува здравјето на популацијата, велат од Комората.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.