Лекарите со совети: најефикасни против загадениот воздух се овие маски
Објавено во: Стил 11 Ноември, 2019 13:16
Ситните ПМ честички продираат во алвеолите на белите дробови и може да ги разорат, а докажано е дека имаат влијание и во пореметувањето на ДНК кодот на клетките – велат лекарите
Чувство на печење и штипење во носот и грлото, кашлица, вртоглавици и краток здив – се тегобите на кои се жалат граѓаните во периодот на пикот на загадувањето, ноември и декември. Некои статистики покажуваат дека над 2.500 луѓе умираат годишно во Македонија како последица на аерозагадувањето.
Светската здравствена организација проценува дека, седум милиони луѓе годишно умираат поради изложеност на ситни честички во воздухот , што доведува до појава на болести кои водат во смрт како што се: мозочниот удар, срцевите заболувања, опструктивните белодробни заболувања, воспаленијата и најчесто белодробниот карцином.
- Таканаречените ПМ 10 и помалите ПМ 2,5 честички или честички помали од 10 микрони продираат до алвеолите на белите дробови и со тек на времето можат да ги разорат, а докажано е дека имаат влијание и во пореметувањето на ДНК кодот на клетките. Покрај овие, постојат уште околу 2800 докажани загадувачи во воздухот кои се можни предизвикувачи на различни видови на карциноми- вели Ристо Чоланчески, торакален хирург на торакалноваскуларна хирургија во Клиничкиот центар.
Целиот текст читајте го на Женски магазин, тука .* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





