26 Април, 2024
0.0276

Лекарите велат дека сум медицински феномен: Интервју со Маја Павловска

Објавено во: Стил 28 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Излегов вечерта, како и секоја друга. Си реков, штом докторот вика ништо не ми е, тогаш излегувам. Возев кола и на семафор кај „Симпо“, кога сакав да тргнам, стиснав кумплунг, ама не почувствував ништо на левото стапало. Следниот ден едвај станав од кревет, добив висока температура и тотална парализа, раскажува Павловска

Маја Павловска ми е другарка од осмолетка. Беше најслаткото девојче во класот. Кај неа дома прв пат си го испишаме хипи знакчето со пенкало на фармерките и прв пат ги слушнав „Полис“. Секогаш два чекора пред другите - таа e лик кој едноставно ве скокотка подобро да го запознаете. Една судбинска пресвртница засекогаш ѝ го смени животот, но за чудо, таа продолжи да се бори со несмален жар. Маја сега живее во Утрехт, Холандија со својот син Боби и се занимава со сликарство, изработка на накит и е одличен текстописец чии стихови ги отпеа и Тоше Проески.

* Маја, на еден од најголемите саеми за уметност во Ајндховен, Холандија, неодамна имаше штанд на кој се претстави со својата уметност: слики и накит. Кажи ни нешто повеќе повеќе за овој настан?

- „Арт Ajндховен“ се одржа минатиот месец во старата фабрика „Флипс“. На саемот заедно со повеќе од 160 холандски и светски уметници имавме свои штандови. Мојот беше со должина од седум метри, поделен на три големи ѕида, на кои изложив 21 слика, апстракции, акрилик на платно. Покрај сликите, имав и уникатен рачно изработен накит, од посебен вид на глина во боја, од која правам форми, па ги печам. Публиката беше пријатно изненадена и заинтересирана за нарачки. Апстрактните мотиви, кои во вид на слики можеш да ги закачиш само на ѕид, во овој случај ги направив подостапни, како парчиња накит, кои одлично се комбинираат со облека. Заради презимето, често ме прашуваа од каде доаѓам и така заклучив дека голем дел од постетителите знаат за нашата земја, и реагираат со симпатии. Инаку, една моја слика, со наслов  „Мовинг", врз која беше напишано моето име, беше поставена на два големи банера во градот.


Целото интервју читајте го на Женски магазин.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти