ЛЕКОТ СТИГНУВА ПРЕД ВАКЦИНАТА: Најдена функционална терапија против Ковид
Објавено во: Свет 23 Август, 2020 19:26
Вид лек што активира дел од природната одбрана со антитела на организмот може да им овозможи на многу луѓе рана заштита од коронавирусот, уште пред да се развијат вакцините, пишува Wall street journal.
Досега неколку лекувања се покажаа ефикасни против „Ковид-19“. Лекот се аплицирал кај хоспитализирани пациенти. Медиумот пишува дека потенцијалните вакцини, се далеку од пуштање во продажба, затоа што и тестирањата не се готови.
Истражувачите и здравствените службеници изразија надеж дека одредени лекови, познати како моноклонални антитела ќе бидат виостинска замена во меѓупериодот до појавата на вакцината. Такви лекови тестирале Regeneron Pharmaceuticals Inc. и Eli Lilly & Co.
„Потребно е да се најдат безбедни терапии навреме, а моноклоналните антитела преовладуваат меѓу нив“, рече директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести, Ентони Фаучи
„Јас сум многу љубопитен за резултатите“, додава.
Лековите, кои се инјектираат интравенозно или со кратка игла, имаат потенцијал да функционираат брзо откако некој е заразен односно се уште се чувствува само малку болен. Лекот треба да го запире вирусот во своите патеки пред сериозно заболените да треба да бидат хоспитализирани.
Можеби ќе ве интересира
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму




