24 Ноември, 2024
0.0282

Ленче Николовска побара поддршка од земјоделците за референдумот

Објавено во: Агробизнис 08 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Ленче Николовска, посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на РМ, меѓу редови побара поддршка од македонските земјоделци за најавениот есенски референдум на кое ќе се постави прашање за договорот од Преспа. 

Таа ги повика земјоделците да и дадат поддршка на македонската Влада на патот кон ЕУ, од каде што потоа би ги црпеле неопходните финансии за развој на аграрот.

„ Земјоделци, ви треба НАТО, ви треба ЕУ, ви требаат европските фондови и пазари, ви треба Заедничката европска политика (CAP), се друго е само одржување на една солидна состојба со помош на домашниот земјоделски буџет од 150 милиони евра.
За сите сериозни стратегии се потребни пари, дали е за едукација, дали е за дополнителна субвенција или поддршка на здружување на земјоделците и решавање на нивните проблеми, најмногу околу конкурентно производство и пласман.
Од домашниот годишен буџет за потребите на сите граѓани на РМ, од 150 милиони евра за земјоделците, неможе повеќе да се одвои. Има и други потреби, други области, други важни сектори кои се однесуваат на подобар живот на сите граѓани. Но кога овој земјоделски буџет ќе се зголеми до 1 милијарда евра (да, да убаво читате) колку што има една Бугарија на пример(200 милиони евра од домашен буџет и 800 милиони евра од европски фондови) или Словенија, тогаш можеме да зборува за европска аграрна стартегија и развој. Се дотогаш ќе биде вака, ќе се прават напори, ќе се изнаоѓаат ад хок решенија, согласно „должината на чергата“ за да се излезе од криза, дај 5 денари за праски, дај 2 денари за грозје…сами толку можеме“, вели Николовска.

Ги повика добро да размислат каква иднина ќе одберат, бидејќи се работи за суштинска разлика во стандардите во нивниот сектор.

- Земјоделци, шансата ја имате, пред вас е , само решавање на статусот на Државата значи и решавање на вашиот проблем. Мора да излеземе од рамките на земјата, мора да се приклучиме на европското семејство. Замислете какви мерки може да превземе министерството доколку има 1 милијарда евра кои ќе дојдат во вашите плантажи, фарми, посеви…Ќе зборуваме за инвестиции во модерна и нова технологија, во нови преработувачки капацитети, ладилници, нови сорти прилагодени на климатските промени за кои треба да станеме свесни дека се случуваат кај нас, а не таму некаде. Ќе зборуваме за пари кои ќе се добијат од државата токму за пренамена на производство на култури кои се поиздржливи, прилагодени на климастките промени или за репроматеријали, ѓубрива, заштитни средства, семиња, садници во согласност со реонот и климата. Нема тогаш да зборуваме за барање на земјоделците за 3 денари за килограм или 50 евра од хектар. Не драги мои земјоделци, во ЕУ субвенциите се во стотици евра за хектар површина или грло добиток. Таму ако во одреден регион произведувате пченица и ви дава само 3 тона од ха, или работите со загуба, државата вели, еве ти субвенции насади тоа што одговара за ова поднебје. Ако е долгогодишна култура, еве ти пари да живееш додека биде во полна родност - пишува Николовска.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку