„Лесја Украинка“: Реторика на страв од Будимпешта: Како владата на Орбан ги шири наративите на Кремљ против Украина

Објавено во: Мои пари 11 Април, 2025 15:33
Унгарската влада повторно покренува бран на политички скептицизам околу европската интеграција на Украина. Портпаролот Золтан Ковач, давајќи официјална изјава, наведе седум „ризици“ кои наводно ѝсе закануваат на Унгарија во случај на влегување на Украина во Европската унија. Сепак, експертите, аналитичарите и дипломатите сметаат дека овие тези се неосновани, манипулативни и политички мотивирани. Меѓународните набљудувачи сè повеќе укажуваат дека Будимпешта активно ги репродуцира пораките на Кремљ кои имаат за цел да се дискредитира Киев, да ја ослабне ЕУ и да се намали поддршката за Украина.
Реториката дека Унгарија ќе стане „донатор на Украина“ и дека Киев ќе ги „апсорбира“ ресурсите на ЕУ не е вистинита. Според извештаите на Европската комисија, Унгарија примила над 40 милијарди евра од буџетот на ЕУ во изминатата деценија - три пати повеќе отколку што придонела. Земјите- кандидати не добиваат целосен пристап до буџетот веднаш. Влегувањето се одвива во фази, според шемата на моделот, тестирана на примерот на Хрватска, Бугарија и Романија. „Изјавите на Будимпешта се типичен пример за предизборен популизам во духот на „надворешна закана““, забележува Балинт Мадараш, аналитичар во Центарот за европски студии во Брисел.
Уште една алатка за заплашување е тезата за „аграрен ризик“. Иако, според податоците наCEPS, целосна интеграција на Украина на земјоделскиот пазар на ЕУ не подразбира итна прераспределба на субвенции. Напротив, се воведуваат преодни периоди, регулаторни бариери и контролирани квоти. „Украина не претставува закана за земјоделците од ЕУ - напротив, таа може да стане сигурен партнер во зајакнувањето на безбедноста на храната во Европа“, смета професорот Ерик Петерсен од Универзитетот во Орхус.
Исто така, не издржува критики иизјавата за „опасната храна од Украина“. Прехранбените производи кои што се извезуваат во ЕУ се тестираат за усогласеност со стандардите на Европската агенција за безбедност на храна (EFSA). Украина, според Европската комисија, исполнува повеќе од 90% од барањата на европските стандарди. „Украина веќе денес има построги регулативи отколку некои земји-членки во времето на нивното пристапување кон ЕУ“, нагласува Ингрид Бекер, експерт во GFA Consulting Group.
Унгарската влада, исто така, се обидува да го искористи безбедносното прашање – демек, Украина била жариште на организиран криминал. Иако, според податоците на Европол, нивото на организиран криминал во Унгарија е слично или повисоко. Со тоа што Украина од 2014 година активно соработува со безбедносните структури на ЕУ, особено во рамките на програмата EMPACT, која ја вклучува борбата против шверцот, перењето пари и нелегалната трговија со оружје.
Обвинувањата за „ризици на пазарот на трудот“, исто така, се базираат на искривени перцепции. Според истражувањето на OECED, украинските работници покажуваат високо ниво на интеграција, дисциплина и ги пополнуваат критичните слободни работни места. Тие не ги намалуваат платите, туку го намалуваат недостигот од кадри во градежништвото, здравството и логистиката. „Ова е класичен нативистички фрејминг: создавање слика на конкурент кој краде леб. Но, вистината е дека без имигранти - особено од Украина - економиите на Централна Европа би запреле“, вели Ласло Габор, унгарски економист и поранешен советник на Националната банка на Унгарија.
Посебно вреди да се спомене изјавата во врска со вакцинацијата – демек,во Украина нема задолжителни вакцини. Всушност, со поддршка на СЗО, УНИЦЕФ и ЕУ, Украина спроведува национален план за имунизација. Во 2023 година стапката на покриеност со вакцинација против детска парализа, дифтерија и тетанус надмина 85%, дури и покрај воените услови. Вакцинацијата во Украина е контролирана од Министерството за здравство и ги исполнува основните здравствени стандарди на европскиот простор.
Што се однесува на „пензиската закана“ и наводното укинување на 13-тата пензија, ова е очигледна манипулација. Ниту еден од фондовите на ЕУ не финансира такви социјални плаќања. 13-тата пензија е политичка иницијатива на самата влада на Орбан, и нејзиното финансирање не зависи од пристапувањето на Украина во ЕУ. Ова е заплашување на граѓаните за електоратот да се одржи во тонус пред изборите. Според Европскиот ревизиски суд, пристапувањето на нови земји не влијае врз домашната пензиска регулатива на која било земја-членка.
Анализата покажува дека ширењето стравови поврзани со Украина не е манифестација на загриженост, туку дел од политичката стратегија што се совпаѓа со геополитичките интереси на Москва. Ваквите пораки не само што ѝштетат на Украина, туку и го поткопуваат единството на Европската унија. „Изјавите на Будимпешта се огледало на руската пропаганда адаптирана на домашниот електорат. Но, опасноста ево тоа, дека таквите пораки ја формираат политиката на земјите-членки на ЕУ“, нагласува Томас Кљајн-Брокхоф, потпретседател на German Marshall Fund.
JR
ПР Објава на Здружението Лесја УкраинкаСтавовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор
Можеби ќе ве интересира
„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник - најпосакуван работодавач за 2024 година

Владимир Мартиновски: Во сонетниот венец „Часови без часовник“ се преплетуваат љубовта и нештата што ме загрижуваат

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“
Постот никогаш не бил посладок – Откријте го совршениот додаток за кафе во Имлек Оаза

Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
