19 Декември, 2025
0.1167

Лесните пари – инсулин на глобалната економија

Објавено во: Економија, Свет 22 Април, 2016 11:39

Добивај вести на Viber

Критичарите на глобалната монетарна политика често се расправаат дали сегашното ниво на каматните стапки не е вештачки ниско. Едноставна медицинска аналогија може да помогне да се разбере колку погрешно е нивното размислување коментира „BloombergView“.

Замислете млада жена, дијагностицирана со дијабетес тип 1, при што телото не успева да произведе инсулин, потребен за да го обработи шеќерот. Животот и 'се менува целосно. Тоа треба постојано да го следи нивото на шеќерот во крвта, да прилагодува исхрана и да зема инсулин преку инјекции пример. Инаку ќе умре.

Набљудувачите може да изјават дека земањето на инсулин е „вештачко“, бидејќи обично човек нема потреба од него, за да преживее и дека таа се справува добро и без него во минатото. Тие дури и може да изјават дека треба да преземе едноставни навики во исхраната и да се храни редовно и здраво во ист момент секој ден, наместо да се базира на донесувањето на инсулин на постојано мерење на нивото на крвниот шеќер.

За среќа, нема такви надворешни набљудувачи во светот на медицината. Лекарите и пациентите следат курсеви на третман, кои се менуваат според потребите, за да ги постигнат саканите резултати. Нема барања меѓу законодавците, учесниците на финансиските пазари и научниците за елиминација на „вештачките“ нивоа или варијациони рецепти на инсулин.

Донесените одлуки за монетарната политика не се такви среќници.

Друга болест - постојано слабо побарување на стоки и слуги, ја измачува светската економија. Креаторите на монетарната политика треба да ги користат ниските каматни стапки - нивната верзија на инсулинот, барем за да ги контролираат симптомите. И сепак тие постојано се бркани од оние кои сакаат со нив да престанат со лекувањето или да го управуваат по нездрави контролирани начини, на пример преку примена на механичко правило наместо преку следење на податоците и нивно користење за обликување на позицијата.

За жал, многу централни банкари му пркосат на овој притисок. Во САД ФЕД планира да продолжи со затегнувањето на монетарната политика, која започна во средината на 2013 година .

Нивна главна цел е постепено да се елиминира употребата на „готовински инсулин“, иако симптомите од ниски цени и ниска невработеност не слабеат.

Аналогијата со инсулинот не е перфектна поради две многу специфични причини. Прво, дијабетес тип 1 е хроничен додека има причини за надеж (макар и да не се сигурни) дека економските сили ќе го елиминираат синдромот на слабо општо пребарување, како во овој случај долгото лекување нема да биде потребно. Второ, нема познат третман за дијабетес тип 1, додека владите имаат повеќе алатки за да го излечат несоодветното пребарување - вклучувајќи инвестиции во образованието и инфраструктурата, ако одлучат да ги користат.

Збунувачки и исклучително загрижувачки е дека креаторите на фискалните политики не прават што можат за да ја излекуваат болеста на глобалната економија. Но принудувањето на централните банкари да го запрат лекувањето и на симптомите ќе биде ужасна грешка.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?