06 Јуни, 2020
0.0204

РЕПОРТАЖА

(ГАЛЕРИЈА) Леталницата „Планица“ – осмото светско чудо?

Објавено во: Стил 25 Март, 2019

Половина век летови на „Планица“ – светскиот храм на скијачки летови кој на светот му подарил повеќе од 40 светски рекорди во должина. Адреналин, трепет, исчекувања, возбуда, бестрашни луѓе кон во слободен пад со брзина која достигнува 120 километри на час прелетуваат над 220 метри, а за награда бараат само аплауз!


Ски леталницата „Планица“ – светски познатата словенечка спортска и туристичка атракција на светот му подари многу незаборавни мигови на завршницата на светскиот куп во ски скокови. Леталницата сместена во прекрасниот алпски амбиент во долината „Под Понцем“ на тромеѓето меѓу Австрија, Италија и Словенија годинава прослави 50 години. Планица е храм во светот на скијачките летови кој на светот му подарил повеќе од 40 светски рекорди во должина на лет. На Планица за прв пат скокач ја прелета и магичната граница од 200 метри.


Планица е магнет за фанови и љубители на ски летовите од цел свет. Најбројни се словенечките навивачи, Австријци, има Германци, Финци, Норвежани, Јапонци, Французи, бучните Пољаци, насмеани Чеси и Словаци.  Но има и други од сите страни на светот кои се љубители на овој витешки спорт. Сите ги обединува тоа што уживаат во витештвото на ски-летачите – исклучителни луѓе кои не знаат за страв. Се спуштаат низ залетиштето на Планица и на крајот од мостот со брзина која надминува 100 километри ја заедруваат термиката и го контролираат слободниот пад ловејќи што поголема далечина долу до испустот на леталницата. Летот што трае до 8 или 9 секунди го завршуваат со брзина која често надминува 120 километри на час доскокнувајќи со таа брзина со пропишан доскок наречен телемарк во кој едната нога треба да биде пред другата. Во постојана потрага за адреналин, живеат за предизвик и главна сатисфакција им е да ја воодушеват публиката со своите бестрашни настапи.


„Планица“ годинава доби нов сопствен рекорд. Роју Кобајаши, нов светски првак и прв Јапонец што успеал во тоа, долета на должината од 252 метри и предизвика бура од овации во публиката.

 „Планица“ годинава го испрати својот омилен јунак – домашниот летач Роберт Крањец, единствениот човек на светот што има повеќе од 200 лета подолги од 200 метри кој по 21 година натпреварување ја заврши својата кариера. Крањец, во нему својствен стил и се раздели од своите навивачи: по доскокот пријде до многубројните навивачи и фрлајќи ги во публика им ги подари кацигата, очилата, скиите, чевлите, а на крај и скијачкиот комбинезон. На испустот од скокалницата го чекаа неговите тимски колеги кои буквално го истушираа со шишиња шампањ го креваа и го качија на раменици и така го изнесоа од испустот на леталницата. На крај Крањец, кој во својата кариера има златен медал од светско првенство во ски летови и бронзени медали од светско првенство и олимпијада ја предаде капитенската лента на словенечката репрезентација на Петер Превц, успешен скокач и поранешен победник во светскиот куп на ски скокови.


И годинава на „Планица“ победи – спортот. Леталницата конструирана од браќата Горишек прослави 50 години активно натпреварување во кои беше домаќин на повеќе од 40 светски рекорди. Само годинава повеќе од 10 натпреварувачи поставија сопствени должински рекорди, а Бугаринот Владимир Зографски го постави новиот Балкански рекорд со должина од 214 метри.


Каква е врската на „Планица“ со Македонија?

Словенецот Јанез Горишек еден од двајцата браќа Горишек, најреномирани светски конструктори на скокалници и особено леталници, бил скокач, а своевремено станал и младински првак во скокови во СФР Југославија и тоа на првенство што се одржало на Попова Шапка во јануари 1949 година. Дваесет години подоцна браќата Горишек ја конструирале леталницата „Планица“ на која се одржуваат натпревари од 1969 година. „Планица“ е нордискискијачки центар на кој по последната реконструкција и модернизација има 6 скокалници, леталницата и полигони за скијачко трчање, а нуди многу можности за подготовки на натпреварувачи во различни спортови. На „Планица“ првата скокалница е изградена 1934 година, а првото светско првенство е одржано во 1938 година. 


И Македонија има свој државен рекорд постигна на скокалница на Планица. Го постигнал Гого Попов на државно првенство во 1950 година и неговата должина е 61 метар што за тој период било пристоен резултат.


Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Д-р Огњен Даскалов: Бидете сигурни дека правите естетски зафат поради себе, а не за околината

Д-р Огњен Даскалов: Бидете сигурни дека правите естетски зафат поради себе, а не за околината

ТУРУНЏИЕВА ЌЕ ВЕ НАСМЕЕ: Короната пуста да остане

ТУРУНЏИЕВА ЌЕ ВЕ НАСМЕЕ: Короната пуста да остане

Чек да брцнам во ташнава: Кришум лаги

Чек да брцнам во ташнава: Кришум лаги

Теона Стругар Митевска: Човекот се адаптира на секоја ситуација и тоа ме инспирира во новиот филм

Теона Стругар Митевска: Човекот се адаптира на секоја ситуација и тоа ме инспирира во новиот филм

Се подбиваа со мене и ме пцуеа, но одам напред со главата горе: Љубовната приказна на Паула Купер Трајковски

Се подбиваа со мене и ме пцуеа, но одам напред со главата горе: Љубовната приказна на Паула Купер Трајковски

Листата со резултати почнав да ја читам одоздола нагоре: Интервју со Илијана, добитник на стипендијата „Борис Трајковски“

Листата со резултати почнав да ја читам одоздола нагоре: Интервју со Илијана, добитник на стипендијата „Борис Трајковски“

За квалитетот се лепат и спонзори: Лозаноски по терк на светските ѕвезди

За квалитетот се лепат и спонзори: Лозаноски по терк на светските ѕвезди

Илина Арсова: Да знаев дека олку популарен се станувало со вљубување во јавна личност, не ќе се мачев толку со планините

Илина Арсова: Да знаев дека олку популарен се станувало со вљубување во јавна личност, не ќе се мачев толку со планините

Ален Исламовиќ, пејачот на „Бјело дугме“: Коронавирусот кај нас трае три години, ама не е до пандемијата

Ален Исламовиќ, пејачот на „Бјело дугме“: Коронавирусот кај нас трае три години, ама не е до пандемијата