Летен саем на книга во Рамстор Мол
Објавено во: Мои пари 22 Јуни, 2015 10:17
Ова лето, за сите љубители на книгата и пишаниот збор, Рамстор Мол во соработка со издавачките куќи и книжарници организира четиридневен Летен саем на книга.
Од 25-ти до 28-ми јуни, од 10 до 22 часот, трговскиот центар Рамстор ќе биде место на кое ќе ги најдете сите омилени изданија на книги по одлични намалени цени. Покрај летните саемски цени на омилените книги, во трговскиот ќе се организираат промоции на нови дела од издавачите, средби и дружења со познати автори, читање на извадоци од книги како и детски работилници.
На летниот саем на книга во Рамстор Мол одблизу ќе може да се сретнете со поезијата на Искра Донева, автор на повеќе дела, која својот труд го насочува за собирање на средства за лекување на церебралната парализа.
Од четврток до недела (25-28ми Јуни) ве очекуваме на дружење, читање и забава. Нека започне летото со добра книга.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете





