05 Декември, 2025
0.0493

Летна новиот „Ербас А350“!

Објавено во: Стил 14 Јуни, 2013 20:06

Добивај вести на Viber

Најмодерен досега, новиот европски патнички авион „Ербас А350“денеска го имаше својот прв пробен лет. Траеше 4 часа и беше успешен, посочија од компанијата која со новиот модел ја засилува борбата со конкуренцијата, главно со американскиот „Боинг“, кога станува збор за продажбата на нови лесни патнички авиони. Од компанијата соопштија дека Ербас-от полета денеска со шестчлен екипаж од аеродромот во Тулуз. Новиот авион е дел од новата генерација лесни летала изработени од карбонски композитни материјали, дизајнирани за да штедат гориво со што дозволуваат дол пат. „А350“ кој треба кон крајот на 2014-та да се најде во комерцијална употреба ќе има капацитет од 270 до 350 патници и долет до 15 илјади километри. Неговиот развој чинеше над 10 милијарди евра, а почна во 2006 година. Над 30 авиокомпании и лизинг-фирми досега нарачаа 613 летала во сите три верзии.
Според анализите на пазарот, следните 20 години во сообраќај ќе има над 6000 вакви авиони кои ќе чинат меѓу 250 и 330 милиони американски долари, но ќе трошат за шест проценти гориво помалку од конкурентот „Дримлајнер“ на Боинг.
 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: