Летните одмори добро се продаваат и во зима
Објавено во: Економија 04 Јануари, 2019
Иако многумина се уште се мислат каде што ќе заминат на зимски одмор, на излозите на туристичките агенции веќе може да се видат плакати со понуди за летување во 2019 година со попусти за рана резервација до 30 отсто. За идната летна сезона се нудат промотивни аранжмани, а некои се и со багателни цени од едно евро за ноќевање по турист во познатите одморалишта во Грција. Туристичките агенции нудат седум дневен одмор во мај, по четокот на јуни и во септември по цена од 42 до 77 евра по човек. Понудени се одморалиштата наолимписката ривиера, Лептокарија, Неи Пори и Олимпик Бич, по тоа омилените дестинации на Македонците на полуостровот Халкидики како Пефкохори, Ханиоти, Полихроно и други, островите Тасос и Kрф, и летувалиштата на Јонското Море, Парга, Сивота, Лефкада, Закинтос и дру ги. Цена та за сместување е 1 до 3 евра за еден ден со заодолжително вклучен превоз од 35 до 77 евра во зависност од оддалеченоста на туристичко то место. Oдносно за едно неделен одмор во Лептокарија од 4 јуни ќе треба да се одвојат 49 евра по лице, или вкупно 98 евра за двајца.
- Оваа понуда прв пат ја претставивме лани и веќе е препознатлива на македонскиот пазар. И оваа година очекуваме голем интерес за летување по симболична це на. Нема скриени трошоци, цената е 1 евро на ден со задолжителен превоз од 35 евра, а за тие што не сакаат вклучен превоз даваме одреден попуст. Раните резервации повеќе не се изненадување кај нас имајќи предвид дека граѓаните во изминатите години научија дека може да летуваат поевтино ако уплатат уште во текот на зимата- велат во агенцијата.
Во туристичките агенции потврдуваат дека интересот за ваквите понуди е мошне голем и оти поради попустите, добар дел од летните аранжмани добро се продаваат и во зима. Попустите за раните резервации најчесто се однесуваат за уплати до крајот на март, а за нашите туристи, традиционално, најинтересни се летувалиштата во Грција и во Турци ја, но побарувачка има и за некои егзотични дестинации.
- Во тек се попустите за рани резервации за летната сезона и со нив може да се добие попуст од 10 до 20 отсто во зависност од времето на уплата. За резервација направена до крајот на минатата година дававме попуст од 20 отсто, за уплата до 1 март се добива попуст од 15 отсто, а за резервација направена до 1 мај следува попуст од 10 отсто. Имаме редовни клиенти кои од напред точно знаат каде и кога ќе летуваат, дури и каде да бидат сместени. Поради тоа, резервираат порано за да може да добијат хотелска соба или вила каква што бараат. Последниве години расте интересот за рани резервации- велат во една скопска агенција.