19 Мај, 2024
0.0275

Лето 2016: грчките плажи полни, а државната каса - празна

Објавено во: Свет 27 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Во изминатото лето грчката туристичка индустрија повторно покажа позитивни резултати и покрај изобилието од кризи - економски и бегалски. Чудно зошто сепак тоа не влијаело на приходите во државната каса, коментира германското издание „Spiegel“.

Падот на резервациите во Турција и други земји, кои туристите ги сметаа како небезбедни, влијаел позитивно не само на Шпанија и Италија, но и на Грција. Од јануари до август 2016 година 17.19 милиони туристи го посетиле нашиот јужен сосед. Нивниот број е со 1.8% повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Сепак Централна банка на Грција не даде толку добра проценка на сезоната оваа година. И тоа изгледа чудно.

Банкарите најдоа иритирачка противречност во бројките. Иако рекордното присуство на туристи приходите од 9.25 милијарди евра претходната година паднале во оваа до 8.43 милијарди вра - или за цели 8.8%.

Некои експерти веруваат дека посетителите се само поекономични. Иако доаѓаат често, тие прават резервации во последната секунда на најниски цени. Но други професионалци од индустријата го сметаат ова објаснување за наивно. Според нив причината за падот на приходите е многу едноставна: некој едноставно си ги присвоил приходите.

„Оваа појава треба да се анализира. Се сомневаме во затајување на данок во големи димензии“, коментирал директорот на хотел на туристичкиот остров Родос, кој побарал неговото име да остане анонимно.

Изливот на капитал од грчките банки минатата година ги засили банкарските депозити во Бугарија и Романија, покрај стравувањата од Grexit, политичка нестабилност и 23-дневна банкарска блокада, која принуди голем број мали и средни претпријатија да се преселат во други земји од Европската унија, пишува електронското издание Ekathimerini.

Податоците говорат сами за себе: минатата година банкарските депозити во Бугарија се зголемиле за 10 отсто, а во Романија - со 8 отсто, додека во Грција е забележан пад од 23% - најголемиот од почетокот на светската финансиска криза во 2008 година.

Банкарски и други деловни извори посочуваат дека голем број мали и средни претпријатија, претежно од Северна Грција, преземале депозити од локалните банки и ги пренеле во соседните балкански држави. Постапката во Бугарија и Романија е поедноставена, бидејќи и двете страни се членки на ЕУ.

Дополнително олеснување е дека најголемите грчки банки имаат силно присуство преку филијалата во двете балкански држави. Тие имаат и доволно експерти, кои да ги консултираат за преместувањето на капиталниот бизнис.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто