18 Декември, 2025
0.5573

Летонија: Условувањето е клучот за проширување на ЕУ

Објавено во: Свет 06 Јануари, 2015 13:48

Добивај вести на Viber

Летонија за време на своето раководење со Европската унија најави дека ќе води политика за проширување која ќе се раководи од принципот на условување, пишува во објавената програма на летонското претседавање која беше објавена денес. Летонија го увиде стратешкото значење на политиката за проширување и за време на претседавањето ќе се труди  да ги унапреди тековните преговори со Србија, Црна Гора и Турција, се наведува во текстот кој е напишан на 36 страници во кој проширувањето се споменува во само неколку редови, додека поголем дел од текстот посветен е на плановите за економска и политичка консолидација на ЕУ. „Претседавањето ќе води политика на проширување заснована на принципот на условување и според индивидуални заслуги на земјите кандидати во однос на исполнување на зададените критериуми“, се вели во програмата, со напомена дека истиот критериум ќе се применува и врз останатите земји од Западен Балкан кои се насочени кон влез во ЕУ. За четврток во Рига најавен е клучен состанок на политичкото раководство со највисоките претставници на Европската комисија, што го вклучува и претседателот Жан – Клод Јункер и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини. Во рамки на тој состанок ќе биде одржан и посебен панел посветен на политиката со соседите и преговорите за понатамошно проширување на кој ќе учествува и Могерини, европскиот комесар задолжен за оваа област, Јоханес Хан и летонскиот министер за надворешни работи, Едгарс Ринкевич.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела