19 Декември, 2025
0.5803

ЛАНИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ 75 ЕВРА, ГОДИНАВА 100, летото почна, омилена дестинација Грција, но ќе ви треба поголема сума

Објавено во: Економија 09 Јуни, 2022 07:31

Добивај вести на Viber

Летните горештини уште повеќе ги поттикнаа граѓаните да бараат или да резервираат сместување за својот летен одмор. Иако има и такви кои се уште ја бараат совршената дестинација, голем број веќе резервирале или пак заминале на плажите во соседна Грција. Од инфомациите кои стигнуваат до редакцијата на „Фактор“ од наши сограѓани кои веќе резервирале или заминале на одмор има раст на цените на сместувањето, како и на производите во малопродажба ова лето, што е очекувано поради инфлацијата која го зафати светот и регионот.

-  Апартманите ми делуваа значитено поскапено. Иако летуваме многу рано, од петти јуни, за една недел сместување плаќаме 320 евра во Неа Флогита. Во истиов период сме плаќале многу пониски цени, а притоа бевме многу појужно сместени – вели скопјанката Тамара О.

Таа посочи дека забележале зголемени цени на сите производи, почнувајќи од гирото кое сега сепродава по цена од четири евра, а исто толку чинат и фрапето и пивото. За топка сладолет посетителите ќе треба да одвојат најмалку две евра, додека пак за радлер евро и четирииесет центи, а евроипол е почетна цена и за леб во локалните маркети.

-  Единствена предност е што овошјето не е многу скапо, купуваме кајсии по цена од две евра за килограм кајсии од локални продавачи. Па и останатите свежи продукти не се многу скапи – вели нашата соговорничка.

Зголемени цени на сместувањето пријавуваат и други граѓани, кои потенцираат оти сместувањето е зголемено од 15-20 проценти.

Далибор Тодоров за „Фактор“ посочи дека минатата година за сместување за четири лица во Никити во Грција за десет ноќи платиле 760 евра во месец август.

-  Оваа година истото сместување за помалку денови, поточно за седум ноќи во истиот период, во месец август чини 680 евра. Значи лани сме платиле 76 евра за ноќевање, додека годинава за истата соба треба да платиме скоро 100 евра само за спиење. Цените се навистина зголемени, па не знам дали повторно ќе летуваме во Грција или ќе видиме како е во Албанија. Минатата година многу пријатели беа на летување во Албанија и се многу задоволни, па можеби ќе пробаме – потенцира Тодоров.

Уште една наша соговорничка потврди дека забележале раст на цените за сместување во Грција за ова лето и укажа дека претходните години за рани резервации плаќале двојно помалку.


-  Резервиравме за сместување од 13 јуни и сместувањето за две спални ќе не чини 360 евра за седум ноќи, или 60 евра по вечер. Во овој период од годината обично сме плаќале пола од оваа сума, но сега немавме избор – посочи нашата соговорничка.

Од туристичките агенции потврдуваат дека иоваа година има голем интерес за летување во Грција, но дека има интерес и за други дестинации.

- Традиционално нашите сограѓани најпрво се интересираат за Грција, а потоа за другите дестинации. Како најблиска дестинација, Грција останува меѓу најбараните, но сепак, има голем интерес и за Турција, за чаретер летовите, како и за Египет, Тунис, а се поголем интерес има и за Албанија. Вообичаено имаме и барања за подалечни дестинации како што се Сејшелите и Малдивите, посочуваат од една туристичка агенција и додаваат дека оваа година има значително поголем интерес за летување и за резервации во споредба со минатата година. 

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии