08 Октомври, 2024
0.0249

ЛЕТУВАЊЕ ВО СЕПТЕМВРИ: Каде да одите за поевтини пари?

Објавено во: Стил 30 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Септември е месец во кој на летната сезона и се ближи и официјално крајот а многумина се одлучуваат токму тогаш да одат на одмор.

Дека последните летни денови се најпријатни за одмор потврдуваат и многу агенции . Тогаш нема гужви на плажите а цените се пониски од 30 до 50 отсто во зависност од дестинацијата. 

Така, за септември агенциите нудат седумдневен престој во познатите туристички места на Егејското Море од 150 до 200 евра, пакет- аранжманите за Турција, Шпанија, Италија се намалени од 700 на 500 евра, а во Албанија за 100 евра може да се добие десетдневно сместување во солиден хотел.

Септемврискиот одмор не носи само заштеда на цената на аранжманот, туку вообичаено се е поевтино во местата за летување, како лежалките на плажа, изнајмувањето реквизити, бродски тури, пијалоци и јадење во ресторани, бродски тури и слично.

„Се побарани се аранжманите во септември, особено во блиските туристички места во Грција, кои ги нудиме со посебни попусти и вонсезонски цени.Најдобар доказ за тоа е дека речиси се продадени сите соби кои ги имаме закупено во познатите одморалишта на егејскиот брег за групите кои тргнуваат на 2. и на 9. септември. Цените се до 50 отсто пониски во споредба со шпицот на сезоната, во јули и во август, а сместувањето е бесплатно за трето и четврто лице- велат од скопска агенција.

Па доколку сте за одмор без гужва и по поволни цени тогаш резервирајте си сега зошто сега е вистинското време и ласт минут понудите се актуелни во моментов.

Калитеа, Фурка, Ханиоти се на првиот крак и на социјалните мрежи наидовме на понуда која ќе ви се допадне а тоа е 69 евра по лице. Доволно е да го пребарате интернетот и понудите сами ќе ве најдат.

Евтини понуди и дома

И во домашни туристички места од 1 септември цените во рестораните, хотелите и во приватното сместување се пониски од 20 до 30 отсто. Во Дојран велат дека очекуваат добра посетенот и во текот на септември и во првите есенски денови. Благата клима во овој дел од земјата овозможува уживање во езерските води се до почетокот на октомври.

Цените во туристичките места зависат и од денот во неделата. Така, престојот за време на викенд деновите по правило е поскап отколку одморот во текот на работните денови