24 Октомври, 2024
0.0257

Левица: Две години Град Скопје е заложник на „војната“ меѓу ДПМНЕ и Арсовска, а резултатот е хаос и колапс во секоја сфера

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Зошто и кому му оди во прилог инаетот што советничката група на ДПМНЕ во Град Скопје го води со актуелниот градоначалник, Арсовска? - прашуваат од политичката партија „Левица“, по седницата во градското собрание каде поради инаетот на советниците не се изгласани точките на дневнот ред. 

Веќе 6 месеца ДПМНЕ во Советот на Град Скопје не ги гласа Програмите за работа на јавните претпријатија под надлежност на Градот. Jавните претпријатија без овие програми не можат ништо да работат!  - нагласуваат од „Левица“.

Поради ова, од партијата прашуваат: зошто и кому му оди во прилог инаетот што советничката група на ДПМНЕ во Град Скопје го води со актуелниот градоначалник, Арсовска?

- Градоначалникот како извршен орган не може и не смее да презема дејствија без одлука на Советот, а откако ДПМНЕ „се скара“ со сопствениот кандидат за градоначалник, не дозволува во Советот на Град Скопје да биде донесена било каква одлука во корист на граѓаните, освен БУЏЕТОТ на Градот и одлуките за платен паркинг во трговските центри во Скопје - се нагласува во соопштението испратено од партијата.

Додаваат дека веќе две години Град Скопје е заложник на меѓусебната „војна“ на ДПМНЕ и Арсовска, а резултатот е очигледен - хаос и колапс на градот во секоја сфера.

Иако ДПМНЕ има мнозинство во управните одбори на јавните претпријатија во Скопје, тоа не ги спречува истите одлуки кои нивните членови ги гласаат во управните одбори, советниците на ДПМНЕ да не ги гласаат во Советот на Градот Скопје.

Можеби ќе ве интересира

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра