Левица: Наместо системско решение и инфраструктура, ќе се казнуваат скопјани ако доцна вечер фрлаат смет
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2025 10:03
Левица изрази негодување на донесената Предлог-одлуката за комунален ред со која на скопјани им се забранува да го фрлаат сметот во контејнерите од 22 до 6 часот при што во спртивно би платиле казна од 50 евра. Од таму велат дека нереално е само да се обвинуваат граѓаните, а при тоа Град Скопје да не предвидува системски решенија за следната година.
- Предлог-одлуката за комунален ред е премногу тесно насочена и не ја решава реалната проблематика поврзана со одлагањето отпад во Скопје. Наместо системско решение, се предлага само ограничување на времето од 6 до 22 часот, без да се утврди каде се одлага отпадот, како се контролира, ниту каква е улогата на ЈП Комунална хигиена во периодите надвор од работното време. Нема ниту минимална анализа на актуелниот проблем, преполни контејнери, нерегуларни маршрути, недостиг на кантопечки, бесправни депонии, па измената изгледа како префрлање вина врз граѓаните наместо преземање институционална одговорност.
Дополнително, измената воведува казни преку инспекторатот, но без дефинирање на критериуми за контрола, јасни инструкции за постапување, ниту механизми за превенција. Наместо да се уреди начинот на поставување, празнење и одржување на контејнерите, се казнуваат граѓаните за неприлагоден систем. Ова отвора простор за селективно спроведување и несразмерно казнување, што е проблематично од аспект на правната сигурност.
Најголема слабост е што измената не ги адресира клучните предизвици, недостиг на инфраструктура за селекција, непостојана динамика на чистење, диви депонии и слаб систем на јавна хигиена. Без паралелни мерки, инвестиции во опрема, нови контејнери, појасна динамика, дигитално следење, одлуката останува декларативна и еднострана. Левица бара целосна ревизија на комуналниот систем, а не казнена политика без реални услови за почитување.
Битно, ќе се казнуваат граѓаните кои ќе бидат затекнати покрај контејнерите и ќе се расправаат со комуналните инспектори дали или не фрлаат отпад во предвидениот полициски час., реагираат од партијата.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




