19 Декември, 2025
0.1355

Левица: Недозволиво е финансискиот директор на ЕСМ да биде политиколог

Објавено во: Економија 24 Јули, 2025 10:06

Добивај вести на Viber

Левица упати критики до раководството на АД ЕСМ за, како што велат од таму,поставување на политиколог за финансиски директор на електростопанското друштво кое лани направило загуба од 123 милиони евра, а во првиот квартал од годинава - 45 милиони евра.

„За Левица е скандалозен фактот што директорот за финансии во АД ЕСМ, Иван Стојановски  е дипломиран и магистриран политиколог и оттаму јасни се сомнежите за неговата компетентност и стручност да го менаџира финансиското работење во ова стратешко важно претпријатие. Дел од “блескавите” резултати на директорот за финансии - Стојановски за минатата 2024 година се зголемените трошоци за надоместоци за директори и членови на управните одбори, за дури 50 отсто споредбено со 2023 година!“, реагираат од Левица.

Од таму имаат и забелешки на задолжувањата што во изминатиот период ги договорија „Електрани“ со домашните банки.

„Освен задолжувања на ЕСМ со скапи кредити по повисоки стапки од унгарскиот кредит, очигледно ниту директорот за финансии - политиколог нема во догледно време да ја стабилизира финансиската состојба во ЕСМ и очекувано е финансиските резултати на крајот од 2025 година да бидат уште позастрашувачки за најзначајната енергетска компанија“, додаваат од опозициската партија.


Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?