15 Декември, 2025
0.0592

Левица предупредува дека уставните измени ќе отворат пат за бугаризација на Македонија

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2023 15:59

Добивај вести на Viber

Според политичката партија Левица, уставните измени се правна рамка за бугаризација на Македонија. 

„Антимакедонската власт на СДС и ДУИ заедно со нивните западни партнери продолжува да го множи македонскиот народ со нула туркајќи уставни измени за кои против се изјаснуваат над 80 отсто од Македонците. Со закана дека добри односи со НАТО и ЕУ Македонија може да има само со Бугари во Уставот и со манипулации дека таквите измени се „технички“, а не суштински, се релативизира уште едно национално предавство“, велат од Левицата.

Левицата уште еднаш предупредува на далекусежните правни последици од уставните измени, на кои нашиот источен сосед со иредентистички и асимилаторски намери кон Македонија жестоко инсистира. 

„Ова е од причина што со внесувањето на ‘самоосвестените’ македонски Бугари во Уставот на Република Македонија, покрај финансирањето на великобугарската пропаганда со народни пари, Бугарија добива и правна рамка за своите понатамошни уцени и барања за законски измени со кои би се спроведувала бугаризација на Македонија. Македонскиот народ има право да знае дека уставните измени ќе претставуваат правен основ за Бугарија во текот на преговорите за влез во Европската Унија да бара од Македонија: измена во Законот за празниците на Република Македонија, со цел прогласување празник и неработен ден за припадниците на бугарската заедница – 3 март, денот на потпишувањето на Санстефанскиот договор, со кој територијата на Македонија требало да ѝ припадне на Бугарија;  Обезбедување задолжителни пратенички места за припадниците на заедниците, со што бугарски националшовинисти по автоматизам би се стекнале со пратенички имунитет и слобода од собраниска говорница да го негираат македонскиот идентитет и да шират бугарска иредентистичка пропаганда во законодавниот дом на Република Македонија;

Зголемување на квотите за вработување во државните институции за припадниците на заедниците, со што изјавувањето на бугарската етничка припадност би било услов за вработување во државни институции и извршување функции“, додаваат од Левица.

Ваквите намери на Бугарија, според Левицата, ги обелоденија и бугарските европратеници преку амандмани на нацрт-извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, преку кои бараат Европската Унија да ја потврди потребата не само од уставни измени туку и од законски измени за промоција на бугарската заедница во Македонија.

Во следните месеци ќе се тече процедурата за уставни измени. ВМРО-ДПМНЕ смета дека тие нема да поминат во Собрание. СДСМ порачува ВМРО-ДПМНЕ да одлучи дали е за ЕУ или останува со Левица. Македонија мора да направи уставни измени за да продолжи да преговара со ЕУ. Политичари од САД и ЕУ повикаа државата да направи уставни измени. 

Можеби ќе ве интересира

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите