19 Декември, 2025
0.0566

Левица: Со „Алказар“ ќе се распродадат природните ресурси, а Македонија ќе нема никаков ќар

Објавено во: Економија 21 Јули, 2025 12:46

Добивај вести на Viber

И Левица излезе со реакција против инвестицијата на „Алказар“ која започна со изградба на ветерен парк од 400 мегавати помеѓу Штип и Карбинци.

Според опозициската партија, Македонија нема да добие ништо од произведената електрична енергија, а од друга страна ги дава ресурсите како земјиштето и ветерот.

- Владата и Мицкоски уште еднаш свесно ги доведе граѓаните во заблуда. Инвестицијата на странскиот фонд „Алказар енерџи“, која беше промовирана како проект што ќе снабдува 100.000 македонски домаќинства со струја и ќе ја зајакне енергетската независност на државата, всушност е класична комерцијална зделка. Македонија од оваа инвестиција нема да има никаков ќар - ниту поевтина струја, ниту поголема стабилност во снабдувањето.

Одговорот на Владата за медиумот „360 степени”, дека нема склучен, а ниту ќе се склучи договор за загарантиран откуп на електрична енергија, го разоткрива лажниот маркетинг на премиерот Мицкоски, велат од таму.

Левица смета дека проекти од ваков тип треба да бидат раководени од државните електрани.

- Зошто државната ЕСМ, која располага со човечки капацитети, инфраструктура и знаење, не ги добива овие проекти, туку е системски запоставувана и задолжувана? За чии интереси работи Владата кога на секоја прес-конференција промовира туѓи пари, туѓи фирми и туѓи енергетски капацитети?

Граѓаните се излажани! Во своите изјави, премиерот Мицкоски тврди дека „100.000 домаќинства ќе се снабдуваат со струја од ветерниот парк“, но Владата отворено признава дека проектот е чисто комерцијален, што значи дека струјата ќе се продава таму каде што ќе се понуди највисока цена, односно на странските пазари!

Ова е брутална лага и манипулација со македонската јавност. Ова не е инвестиција во интерес на граѓаните, туку бизнис зделка без никакви обврски за инвеститорот кон државата. Македонија повторно ја дава својата земја, ветер, ресурси, за профит на странски фирми, без никаква гаранција и можност граѓаните да добијат поевтина или посигурна струја, стои во реакцијата на „Левица“.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?