Левица: Спасовски мора да одговори пред јавноста дали дел од лицата кои пукаа се вработени во МВР?
Објавено во: Македонија 07 Јули, 2022 17:36
Левица бара оставка од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и шефот на дипломатијата, Бујар Османи заради сценирање насилство.
Левица пак ги повика граѓаните да излезат вечерва на протест против францускиот предлог.
„Во теков на вчерашниот ден, повторно се потврди дека министерот Оливер Спасовски е дел од сценариoто за предизвикување насилство, целосно потфрлајќи соодветно да ја обезбеди критичната точка кај Мавровка. Иако и пред два дена имаше инциденти на оваа точка и министерот мораше соодветно да ја обезбеди локацијата, тој дозволи да биде загрозена безбедноста на илјадниците граѓани кои мирно маршираа. Дополнително, министерот Спасовски мора да одговори пред јавноста дали дел од лицата кои пукаа на демонстрантите се лица вработени во МВР? Сомнежите дека се работи за испланирано црно сценарио на власта ја потврдува и најавата на министерот Османи за етнички тензии, доколку не помине предлогот за бугаризација на Македонија. Поради сцените од прекумерна употреба на сила против цивилите, кои не беа дел од лицата со фантомки, Спасовски мораше уште пред два дена да поднесе оставка“, велат од Левица.
Додаваат дека вчера бевме сведоци дека огромната маса народ не подлегна на провокациите, монтирани од власта, и продолжи достоинствено да протестира против нивните врховистички политики.
„Нема да дозволиме нашите учебници и историја да бидат пишувани од оние кои системски работат да нè асимилираат. Нема да дозволиме цензура на неофашизмот на Бугарија под изговор за говор на омраза. Бугарија нема ниту морално, ниту историско право да поставува барања кон македонскиот народ - напротив, антифашистичката борба е гордоста на Македонија. Нема да дозволиме да бидат избришани темелите на АСНОМ и жртвите на нашите предци. Ве повикуваме вечер, во што поголем број, да им порачаме на квислинзите на власт - АСНОМ ЖИВЕЕ“, велат од Левица.
Вечерва во 19 часот повторно ќе има протест. Синоќа група Албанци нападна демонстранти кај плоштадот Скендербег, а имаше и пукање.Можеби ќе ве интересира
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија




