ЛЕВИЦА: За Тошковски засилените контроли беа само пи-ар

Објавено во: Македонија 13 Април, 2025 11:47
Министерството за внатрешни работи, под водство на Панче Тошковски, постапува само неколку дена по трагедија - доволно за да се покријат вестите, да се закажат прес-конференции и да се сервираат бројки за јавноста. Но веднаш штом вниманието спласне, контролите исчезнуваат, а со нив и „одлучноста“ што се најавувала. Наместо континуирана грижа и системска работа, гледаме краткотрајна акција - спектакл за медиумите што секогаш завршува исто: со нова трагедија и ново уверување дека „сега навистина ќе се преземат мерки“, велат од Левица.
„Улиците низ главниот град и низ градовите низ Македонија се претвараат во патеки на смртта. Само во последниов месец и покрај помпезните најави и фалби на Тошковски за засилени контроли - се случија повеќе сообраќајни незгоди од истиот период лани.
Самиот Тошковски пред извесен период изјави дека во Македонија само изминатата година имало 30 жртви пешаци и околу 140 жртви во сообраќајни незгоди ширум државата, а тоа се бројки коишто се за четвртина повеќе од просекот на Европската Унија.
Граѓаните најголемиот проблем го посочуваат во спроведувањето на полициската контрола, бидејќи секојдневно сме сведоци на дивеењето по улиците со над 100 километри на час во урбани средини, навечер булеварите се претвораат во тркачки патеки, а полицијата е присутна само по трагедија, со цел министерот да се пофали дека е наводно одговорен и одлучен.
За ставање во функција на проектот „Безбеден град” постојано се расфрлаат со датуми, но во реалноста не се преземаат никакви мерки кои укажуваат дека наскоро истиот би бил имплементиран и функционален.
Засилени полициски контроли има само после поголема трагедија додека да се смири револтот кај граѓаните, и потоа билтенот на МВР продолжува секојдневно се полни со црни статистики. Од Министерството на внатрешни работи како и од Бирото за јавна безбедност наместо директна интервенција на терен или соодветни законски измени за подобрување на состојбата во сообраќајот - добиваме само апел за поголема свесност кај возачите“, се вели во соопштението.
Можеби ќе ве интересира
„ВРИЕ“ ПОЛИЦИЈА КАЈ ГРАДСКИ ПАРК: Ќе играат Вардар и Црвена Ѕвезда

ОДЗЕМАЊЕ НА ПАСОШ, ЗАБРАНА ЗА НАПУШТАЊЕ НА ЖИВЕАЛИШТЕ: Мерки за шест уапсени полицајци за пожарот во Кочани

СОСЕЛАНИТЕ СО ЧАСОВИ ГО БАРАА: Најдено е момчето од Тремник кое беше пријавено за исчезнато

ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ПОЧНУВА ИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА ПРОТИВ АРИФИ - сакал 100 илјади евра за да смести старо лице на Геријатрија

„КАКО МОЖЕ НИТУ ЕДЕН ОД АКТУЕЛНИТЕ НАЧАЛНИЦИ НА МВР ДА НЕ СЕ ВИНОВНИ, А ПРИВЕДЕНИ СЕ ПЕТМИНА ПЕНЗИОНИРАНИ“ - СДСМ со реакција за најновите апсења на МВР

ПО НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ, НА ДВАЕСЕТИНА ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ЗАЗДРАВУВАЊЕТО МОЖЕ ДА ИМ ТРАЕ И ДО ДВЕ ГОДИНИ: Веќе направен е списокот

СЕ ТРАГА ПО 22 ГОДИШНО МОМЧЕ ОД СЕЛОТО ТРЕМНИК - имало здравствени проблеми, СВР Велес ги презема сите потребни мерки

„Се споменуваат лица кои биле учесници во настанот, а не се на обвинителна клупа“: бранителот на Видевски бара реконструкција
МВР и Обвинителство: Уапсени уште шест полициски функционери за пожарот во Кочани, еден е во бегство
