14 Декември, 2025
0.0369

Либија повторно гори: МНР препорачува итна евакуација!

Објавено во: Свет 31 Јули, 2014 10:25

Добивај вести на Viber

Сите македонски државјани веднаш да ја напуштат Либија, препорачува Министерството за надворешни работи заради обновените жестоки судири во оваа земја меѓу ривалските либијски милитанти. Оние кои планирале да заминат за оваа земја се советуваат да го одложат патувањето. Македонија нема амбасада во Триполи, па надлежни за помош на македонските државјани кои евентуално се нашле затекнати од конфликтот се амбасадите во Каиро и Рим. „Засега ниту едно лице нема побарано помош на контактите во амбасадите во Каиро и Рим. Претпоставуваме дека има македонски граѓани во Либија кои работат преку странски фирми, но немаме увид колку бидејќи не се запазуваат вообичаените процедури за пријавување на престој над три месеци во странство“, велат од МНР. Во евиденцијата на македонските институции нема податоци за македонски државјани во оваа земја, а најголемиот број од оние кои уште од Југославија заминале да работат во оваа земја, се вратиле при граѓанската војна во 2011 година, кога беше соборен режимот на Моамер Гадафи. Сепак, дека веројатно има македонски државјани кои работат за странски фирми таму покажува и последниот случај на киднапирање на Милјазим Гафури од Боговиње пред неполн месец. Тој со уште двајца колеги беше киднапиран додека работел за италијанска градежна фирма во оваа земја и беше ослободен по интервенција на италијанската амбасада. Затекнатите странски државјани во конфликтот во Либија имаат сериозни проблеми да ја напуштат земјата. Аеродромот во Триполи не е безбеден бидејќи околу него се водат борби, а исто така не било безбедно ни да се патува со автомобил кон соседен Тунис. Грција испратила брод во Либија за да ги евакуира грчките државјани и персоналот од амбасадата. И други земји, меѓу кои и Кина, побарале од Грција да ги земе на бродот и нивните државјани. Во Либија се проценува дека има и околу 300 државјани на Босна и Херцеговина, како и 150-200 Срби. Српските државјани преку медиумите бараат од државата да ги извлече од земјата, бидејќи заради конфликтот стопиран е протокот на парични средства, па немаат од каде да подигнат пари за да си платат авионски билет или друг начин да ја напуштат земјата. Србија исто така официјално на своите граѓани им препорача да се евакуираат од Либија, но притоа не им понуди решение како тоа да го сторат. Само од саботата во Бенгази, вториот град по големина во Либија, животот го изгубиле 60 луѓе.  

Можеби ќе ве интересира

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела