05 Април, 2025
0.0577

ЛИЧНО ИМАМЕ ПОБАРАНО ОД ГРАДОТ ДА ГО ИСЧИСТИ РЕЧНОТО КОРИТО, ВЕЛИ ЃОРЃИЕВСКИ: Од Град Скопје велат „немаме надлежности“

Објавено во: Македонија 02 Април, 2025 08:29

Добивај вести на Viber

По излевањето на Маркова река, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски истакна дека градот Скопје не си ја завршил работата и не го исчистил речното корито на реката. 

Веднаш по добиената информација за излевање на Маркова Река поради обилните врнежи во општина Студеничани, од гостување на телевизија се упатив на најкритичните Христијан Мицкоски кој веднаш се понуди доколку е потребно да ги мобилизира сите расположливи ресурси за што јас, а и сите жители на Студеничани му се заблагодаруваме.

Механизацијата е на терен и нема опасност по населението, силно се работи на враќање на реката во своето корито.

Со колегата градоначалник на Студеничани Азем Садику сме тука и будно ќе ја следиме ситуацијата да биде под контрола, во текот на целата ноќ.

Спремни сме со сите расположливи сили да помогнеме.

Во постојана комуникација сме и со колегата Дејан Митевски од Аеродром, така што и тој е подготвен да помогне во случај да тоа е потребно.

Она што вистински загрижува е што сите институции не си ја вршат својата работа - со акцент на градот Скопје од кој лично имаме побарано во неколку наврати да се среди речното корито но, од страна на градоначалничката во заминување ни беше одговорено дека немаат предвидено средства за тоа. Замислете…

Временските непогоди не можеме да ги спречиме, но можеме да делуваме да нема големи последици.

Материјалното ќе го поправиме заеднички - Бог нека нѐ чува сите, тоа е најважно!“ напиша тој на фејсбук.

Со реакција се јавија од градот.

Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски надлежноста за одржување на одводните канали и коритото на реката Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина и просторно планирање. 

Градот Скопје нема никаква надлежност за постапување на овие канали и коритото на реката.

Градот Скопје во неколку наврати досега апелираше до надлежните во општината за потребата од чистење на каналите и коритото, но апелите за жал не наидоа на резултат од страна на одговорните.

За дезинформациите ќе бараме и правна одговорност. Во овој момент екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје, ЈП Водовод и Канализација и останатите претпријатија на градот Скопје се на терен и активно помагаат во спречување на дополнителни штети и санирање на веќе настанатите.“ велат од градот.



Можеби ќе ве интересира

ГО ИСКОРИСТУВАЛ ОТСУСТВОТО НА РОДИТЕЛИТЕ И ГО НАМАМУВАЛ ДЕВОЈЧЕТО: Малолетник е осомничен за силување

ГО ИСКОРИСТУВАЛ ОТСУСТВОТО НА РОДИТЕЛИТЕ И ГО НАМАМУВАЛ ДЕВОЈЧЕТО: Малолетник е осомничен за силување

ВО ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО СЕ ЛЕКУВААТ 69 ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ: Каква е нивната состојба?

ВО ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО СЕ ЛЕКУВААТ 69 ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ: Каква е нивната состојба?

MAРШ ВО КОЧАНИ: Kој ги уби нашите херои и кој ги пеплоса тие ангелски лица?

MAРШ ВО КОЧАНИ: Kој ги уби нашите херои и кој ги пеплоса тие ангелски лица?

ПИЈАН НЕГОТИНЕЦ КОЈ НЕМАЛ ВОЗАЧКА УКРАЛ АВТОМОБИЛ: Скршил рампи на наплатните станици на автопатот

ПИЈАН НЕГОТИНЕЦ КОЈ НЕМАЛ ВОЗАЧКА УКРАЛ АВТОМОБИЛ: Скршил рампи на наплатните станици на автопатот

ГРАЃАНИТЕ ДА ВНИМАВААТ: Moжно е зголемување на водостоите на реките

ГРАЃАНИТЕ ДА ВНИМАВААТ: Moжно е зголемување на водостоите на реките

(ВИДЕО) Албанскиот претседател Бегај се сретнал со Ахмети и Таравари во Скопје

(ВИДЕО) Албанскиот претседател Бегај се сретнал со Ахмети и Таравари во Скопје

„ОВА НЕ Е НЕСРЕЌА, ОВА Е УБИСТВО“: Семејствата на настраданите маршираа во Кочани

„ОВА НЕ Е НЕСРЕЌА, ОВА Е УБИСТВО“: Семејствата на настраданите маршираа во Кочани

МИЦОСКИ: Да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за колективната цел

МИЦОСКИ: Да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за колективната цел

ИЗМАМНИЦИ ЅВОНАТ ОД СКРИЕН БРОЈ: Полицијата ги предупреди граѓаните да не наседнуваат на измами со сообраќајки

ИЗМАМНИЦИ ЅВОНАТ ОД СКРИЕН БРОЈ: Полицијата ги предупреди граѓаните да не наседнуваат на измами со сообраќајки