ЛИДЕРСКА ОДГОВОРНОСТ: Засега избори ќе има, ама без партиски митинзи
Објавено во: Македонија 13 Март, 2020
Без партиски митинзи и јавни собири ќе дејствуваат партиите поради актуелната ситуација со коронавирусот.
На ова се согласиле сите партии кои ќе учествуваат на претсојните избори кои треба да се одржат на 12 април.
По средбата која ја имаа со премиерот Спасовски, лидерите на сите партии порачале дека нема потреба да се одложат изборите но сепак ќе се однесуваат одговорно и без паника на прво место ќе биде здравјето на граѓаните.
Изборната кампања почнува на 23 март, но партиите сепак ќе се водат според препораките на властите кои наложија до 24 март забрана за собири.
Засега нема потреба за одложување на изборите на 12 април поради состојбата со корона вирусот, порачаа политичките лидер по средбата со техничкиот премиер Оливер Спасовски токму поради ширењето на болеста.
Наместо средби со граѓаните и митинзи, најверојатно кампањите ќе се водат преку социјалните мрежи и слично.