„Лидл“ се регистрираше во Македонија, ќе го водат Бугари
Објавено во: Економија 17 Февруари, 2021 07:50
Минатата година се пишуваше за интересот на „Лидл“ да стартува со една продавница во Македонија, односно со објект кој сам ќе го гради, но истата информација остана непотврдена.
Во моментов „Лидл“ има 100 продавници во Бугарија на 49 локации и вработува 3.000 работници, а има експанзионистички план за оваа година за отварање на уште пет маркети и вработување на уште 250 луѓе. Нето-профитот за 2019 во Бугарија бил 41,25 милиони евра.
„Лидл“ во соседна Србија е присутен од 2018 година и до сега има вкупно 41 објект. Во Хрватска работи од 2006 година. Трговскиот синџир оперира во 30-тина земји во Европа, со околу 11.000 продавници, а присутен е и во САД. „Лидл“ секој ден опслужува по околу 10 милиони купувачи.
„Фактор“ веќе пишуваше дека „Лидл“ сака да менаџира со маркетот во новиот трговски центар Скопје ист гејт, а за тоа колкав е голем интересот на македонските купувачи зборуваат и нивните чести шопинг-тури во овој маркет во Врање.
А.К.Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




