14 Јануари, 2025
0.0285

Лимак Холдинг започна со изградбата на мултифункционалниот „Diamond Skopje“

Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Светски реномираната компанија со седиште во Турција “Лимак Холдинг”, денес и официјално најави дека започна со интензивни градежни активности на просторот околу Старата железничка станица во Скопје. Добиени се сите неопходни дозволи за градба, завршени се подготвителните активности на проектот, како и активностите во координација со Градот Скопје, општина Центар, и останатите државни институции.

На официјалната прес конференција пред присутните се обрати г. Сердар Баџаксиз, Потпретседател во“Лимак Инвестиции”кој изјави:"Јас сум сигурен дека Diamond Skopje ќе биде новиот центар на градот од сите аспекти, било да се работи за бизнис, за социјализација или за културни настани. Целиот комплекс се надеваме дека ќе донесе нови бизниси, инвеститори и потрошувачи од целиот свет, со што дополнително ќе ги отвориме портите на Македонија кон светот. "

Од Лимак информираа дека е во тек изведба на подземниот булевар, како и на Лимак хотелот кој е веќе во понапредна фаза, а дека е дефинирана и динамиката за изградба на мултифункционалниот комплекс,Diamond Skopje

г. Зоран Заев, Премиер на Влада на Р. Македонија, изјави дека:Diamond Skopje од повеќе аспекти ќе го промени нашиот град на подобро. Станува збор за современ мултифункционален комплекс кој ќе обединува деловно – резиденцијални единици, хотелски комплекс и трговски центар во согласност со модерните потреби и навики на граѓаните на Скопје. Го поддржуваме поврзувањето меѓу странските и домашните компании. За економски бенефит, за развој и за подобри услови во остварувањето на бизнисот и на едните и на другите. Потврда на нашите нови, активни и ефикасни политики и политиките на доверба што се наша водилка во соработката, е и стартот на работите на овој мега проект на една реномирана странска компанија каква што е “Лимак Холдинг.“

На конференцијата се информираше дека изградбата на подземната улица се планира да биде завршена во период од 22 месеци. Станува збор за модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот. Двонасочен коловоз во 4 ленти и 2 ленти за трамвај/автобус, со должина од 800 метри, кој ќе го  дислоцира булеварот Македонија под земја и во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје. 

Паралелно како што ќе оди напредокот на подземната улица, ќе започне и изградбата на Diamond Skopje. Во комплексот автентично ќе се вклопи и симболот на градот - Старата железничка станица,  денес Музеј на град Скопје,  кој се планира да биде возобновен од градските власти.


Можеби ќе ве интересира

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

(ВИДЕО) Ангел Анѓушев во „Бизнис-клуб“: Освојувањето нови пазари бара преземање ризици

(ВИДЕО) Ангел Анѓушев во „Бизнис-клуб“: Освојувањето нови пазари бара преземање ризици

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски пари на Европскиот пазар

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски пари на Европскиот пазар

Ангел Анѓушев: Високотехнолошките производи се начинот како да расте македонската економија

Ангел Анѓушев: Високотехнолошките производи се начинот како да расте македонската економија