ОХРИЃАНИ, КРУШЕВЧАНИ, БЕРОВЧАНИ: Очекуваат ли повеќе домашни гости летово?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Мај, 2020 07:00
Поради пандемијата на Ковид 19, ова лето неизвесно е на кој начин ќе се организираат летните одмори и патувања во странство, затоа што некои земји веќе најавија дека ќе примаат гости само со направен корона тест или со задолжителен здравствен пасош.
Во македонските туристички центри мислењата се поделени. Дел од сопствениците на капацитети за сместување на туристи, кои живеат од оваа гранка, се оптимисти, а дел мислат дека оваа година на туристички план ќе биде катастрофална.
„Јас сум по природа оптимист и мислам дека оваа година нема да биде полоша од лани или претходните години. Штом се отворат границите, тој што има пари и желба да замине некаде, ќе го стори тоа. Мислам дека ќе се среди состојбата штом ќе се тргнат рестриктивните мерки. Очекувам домашни гости, но и од другите земји од регионот“, вели Сузана Недеска, издавач од Охрид.
Данче Пипонска од Берово, раскажува дека сега во градот скоро и да нема туристи, затоа што сите се претпазливи поради коронавирусот, но се надева дека наскоро работите ќе тргнат во позитивна насока.
„Мислам дека ова лето ќе имаме повеќе домашни туристи, затоа што ако некој мора да прави корона тест што исто така е трошок, може и да не замине надвор од државата. Ние имаме најмногу туристи во јули и август, затоа што овде има чист воздух, не е многу топло, климата им одговара на луѓето. Доаѓаат претежно домашни туристи, но и гости од Бугарија“, додава Пипонска.
Раде Лега, издавач од Крушево вели дека сега е „мртов“ период и во градот доаѓаат само оние луѓе кои потекнуваат во тој крај и поседуваат куќи, а туристи скоро и да нема.
„Ние сакаме да има повеќе туристи, но не се знае како ќе биде. Мислам дека оваа година ќе биде полоша од претходните, затоа што оние параглајдерски купови кои требаше да се одржат, се неизвесни“, рече Лега.
Тој вели дека за да примаат гости, треба да бидат сигурни дека луѓето се здрави.
Статистички, најголем број од туристите кои ја посетуваат земјата престојуваат во главниот град и на езерските места. Оваа пракса трае со години. Бројките претходно покажуваа дека најмногу туристи доаѓаат од соседните држави, Турција, и Холандија.
Во услови на неизвесност дали и кога ќе стартува овогодинешната туристичка сезона во соседството, со новата онлајн кампања „Дома си е дома“ ќе се привлекуваат домашни туристи. На тој начин Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе се обиде да ги намали загубите во секторот.Сања Атанасовска
Можеби ќе ве интересира
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца




