23 Април, 2024
0.0273

ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Овие жени во џеб имаат вкупно 9,7 милијарди долари

Објавено во: Стил, Финансии 02 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Американскиот магазин „Форбс“ ја објави втората по ред годишна листа на најбогати жени во САД кои сами го стекнале богатството.

Деветте жени кои уредништвото ги избрало за насловната страна имаат вкупно 9,7 милијарди долари.

Меѓу жените истакнати на заедничката фотографија убедливо најбогата е најстарата членка на оваа елитна група Дајан Хендрикс (69) која со сопругот Кенет во 1982 година ја основала компанијата „Еј-Би-Си саплај“ која брзо се развила.

Откако мажот и починал во 2007, успеала да ги одбие обидите за преземање на компанијата и денес располага со богатство од 4,9 милијарди долари што и го донеле и првото место на вкупната листа, пред ТВ водителката Опра Винфри, со 3,1 милијарди долари.

Најмладата на насловната е 32 годишната Софија Аморузо, која пред десет години го покренала модниот бренд „Нести гал“ и сега има 280 милиони долари.

Таа воедно е единствена претставничка од младите генерации која се наоѓа на листата најбогати жени на САД кои сами стекнале богатство, а не доаѓаат од индустријата на забавата.

Единствена помлада од Аморузо на вкупната листа е пеачката Тејлор Свифт (26) која со богатство од 250 милиони долари ја држи 60-тата позиција а четири места пред неа е пеачката Бијонсе која располага со 256 милиони долари.

Нивните постари колешки Мадона, Селин Дион и Барбара Стрејсенд се значајно подобро пласирани на 25, 37 и 38 место.

Шерил Сендберг и Мариса Мајер, директорките на Фејсбук и Јаху се наоѓаат на 14 и 33 позиција, а актерката Џесика Алба го држи 42-то место.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган