26 Април, 2024
0.0280

Лиза Шаќири до Груби: Не не омаловажувајте, ние Албанците сме кадарни за работа

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Ние не сме ни глупи ни необразовани ни прости, а фала богу здрави и прави и конкурираме на трудовиот пазар еднакви и со Македонци и со Германци и други и тука и во странство, вели Лиза Шаќири, правник, сопруга на познатиот пеач Бени Шаќири. Во нејзиниот пост кој се споделува на фејсбук таа е револтирана од најавата на Артан Груби, првиот вицепремиер кој најави субвенции за вработувања етнички Албанци во приватни компании и барањето да има двојазичност и во овие фирми за кои синоќа зборуваше Билал Касами од Беса.

Таа додава дека Албанците не се ништо помалку стручни од ниедни други, а стручната подготвеност е индивидуална и секој според заслугите во приватни фирми. 

„Тоа што вие како партија можете да направите е барем мало делче на кадарот што го вработувате да не биде делегиран од вашата партија туку да им се даде еднаква шанса на сите Албанци без разлика на тоа има или нема вложено труд за партијата или поседува или не партиска книшка, вели Шаќири.

Таа објаснува дека ретко кој дипломиран Албанец не знае македонски. 

„Двојазичност не можете да наметнете кај приватни сосптвеници па ни македонски јазик не можете да наметнете кај албански или странски приватни фирми што работат тука. Во приватниот сектор веќе постои двојазичност секаде каде тоа носи екстра профит. Почнувам од берберот што ми е комшија и зборува освен својот македонски јазик и албански па се до поголеми фирми. Конечно престанете да не омаловажувате и прикажувате како помалку квалитетен кадар од другите. Оваа ваша евтина популистичка и кобајаги патриотска игра придонесува да изгледаме уште поинфериорни од тоа што им се причинуваме на Македонците, вели Шаќири.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот