23 Ноември, 2024
0.0260

Љубовен хороскоп за ЈАНУАРИ 2017 година

Објавено во: Општо 29 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Овен
Во љубовта, за разлика од работата, нема да ви биде се` и така добро. Стандарден месец, а во текот на овој месец обидете се што повеќе време да го поминувате со партнерот и да му се предадете 100% бидејќи може да дојде до несогласувања и проблеми во односот доколку партнерот се почувствува запоставено. Ова е период на потенцијални авантури и забранети врски во кои би можеле да упаднете.

Бик 
Период во кој можни се проблеми на поле на љубовта. Во текот на средината на месецот, можни се конфликти со партнерот, несогласувања околу животните работи (трошоци, пријатели, семејство, секојдневни ситници). За работите да се полоши, можни се и неоправдани изливи на љубомора, како партнерот кон вас, така и вие кон партнерот. Ако сте слободни, тогаш добро ви би дошол флерт кон крајот на јануари.

Близнаци 
Што се однесува до љубовта, Марс ја напушта Вага и со себе си ги зема сите тензии кои сте ги имале во претходниот период. За да не биде се` идеално, ќе се погрижи ретроградниот Меркур кој од време на време ви донесува ситни расправии. За слободните Близнаци никако поволен период кој ќе им тргне. Иако постоеше надеж со излегувањето на Марс во знакот на Вага страстите малку да се појават, сепак нема некој поволен партнер кој ќе ве воодушеви.

Рак 
Јануари и не е така идеален месец за љубов, но ништо што претходно не сте го доживеале или преживеале. На Раковите доста влијае ретроградноста на Меркур и сета негативност која Меркур со себе ја влече, такашто ова е месец кој ќе биде обележан со ситни расправии со партнерот, несогласувања, неможност за договор околу било што. За слободните ова е идеален период за запознавање на нови луѓе, можеби и идниот партнер - никогаш не се знае.
Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.