24 Ноември, 2024
0.0280

Љубовен хороскоп за јануари 2018 - Бикот ќе биде на седмо небо, проблеми за раковите...

Објавено во: Општо 24 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Што ни носат ѕвездите во првиот месец од годината?

Овен

Оние кои се во врска, на почетокот на годината ќе имаат мали несогласувања со партнерот бидејќи во тој период нема да се чувствувате сјајно во своја кожа. Многу сте незадоволни во врска со случувањата на работа и тоа влијае на вашиот љубовен живот. Внимавајте да не кажете нешто што е навредливо или грубо кон личноста која ја сакате.  Бидете малку попресметливи и потолерантни во љубовта. Крајот на месецот носи кристализирање на ситуацијата и мир и спокој, но мора да истраете.

Ако сте слободни, внимавајте да не ве заведе некој со нерални очекувања. Бевте исполнети со некоја негативна енергија, за која се виновни луѓе од минатото, и за да не се разочарате повторно, мудро бирајте ги своите луѓе во љубовта. Ќе има шанси за заљубување и ќе ги контролирате полесно своите емоции, а ви се смешка стабилна врска само ако сте внимателни и тактични.

Бик

Ве очекува хармоничен период. Смирени сте, не сте под тензија,ниту пак стрес и рационално се однесувате во врската. Сите работи кои ги правите, ќе ги правите паметно и промислено. Саканата личност ќе биде презадоволна од вашиот однос. Само така продолжете.

Ако сте слободни, во текот на целиот месец ќе имате потреба прво да ги задоволите своите потреби, а дури потоа да пробате да најдете сродна душа. Сакате да ги решите незавршените прашања од минатото, пред да се впуштите во следна авантура. Додворувачи не ви недостасуваат, но прво сакате да утврдите што точно сакате.

Близнаци

Присутни се силни емоции и страста се наоѓа на сите страни. Се трудите да ги исправите грешките од минатото и ќе успеете во тоа, до одредено ниво. Сепак, вие не сакате да попуштите во одредени намери, а и другата страна е прилично тврдоглава, па така ќе има бес во вашата врска. Сепак, на крајот на овој зимски месец ќе успеете да ги надминете проблемите и двајцата да попуштите.

Слободните Близнаци веќе некое време пробуваа да бидат во паралелени врски, но забележуваа дека тоа не функционира. Затоа, поголемиот дел ќе одлучат да го прекинат тоа, да ја разбистрат својата глава и да одлучат што сакаат.Ќе утврдите дека веќе не сакате да толерирате незрело и детско однесување.


Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.