05 Декември, 2025
0.1792

Љубовен неделен хороскоп 20 03 - 26 03 2017

Објавено во: Општо 19 Март, 2017 15:55

Добивај вести на Viber

Рак

Слободните ракови имаат можност да ги забележат предзнаците во односот со лицата од спротивниот пол. Се ќе биде во ред, ако во овој период обрнете внимание на вашиот емотивен живот. Љубовта ќе се искристализира во текот на овој период и ќе бидете затекнати од случувањата. Обрнете внимание со кого се дружите и со кого стапувате во контакт и немојте многу да размислувате туку препуштете се на љубовниот занос.  Што се однесува до  раковите што се во врска или во брак ве очекуваат убави случувања што на некој начин ќе бидат интересни.

Лав

Ве очекува вистинска бура. Настаните ќе се менуваат брзо, а вие тешко ќе можете да се снајдете така што поради невнимание можен е прекин со партнерот. Односите во семејството нема многу да ве радуваат, ќе мора да бидете потрпеливи за да ги избегнете расправиите.

Девица

Девиците што се во брак оваа недела ги очекуваат негативни осцилации во односот со партнерот. Сте заборавиле да се договарате и заедно да носите одлуки и тоа ќе ги наруши вашите досегашни односи. Без оглед на сите дилеми, сепак ќе успеете да најдете излез и на крај пак да бидете среќни и задоволни. Слободните девици влегуваат во период кога еден настан ќе им го промени животот на подобро. Односно ќе имате низа интересни сред би од кои ќе се изроди една љубовна врска што до крајот на годината би можела  да биде крунисана со брак.


Претходна страна  Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: