Љубовната приказна на Селимова-Желчески-двојка која го негува народниот мелос со години
Објавено во: Стил 04 Јуни, 2018 08:53
Популарната музичка и брачна двојка со децении го негува македонскиот народен мелос. Беа и останаа партнери за почит, синоним за семејни вредности и професионалност во работата. Вистински амбасадори на македонската култура кои популарноста воопшто не ги смени.
Кевсер Селимова е Турчинка од скопската населба „Автокоманда“, а Ѓорѓи Желчески е прилепчанец. Се запознале во 1959 година. Ѓорѓи бил солист во Радио Скопје, а Кевсер интерпретирала турски песни од источниот дел на Македонија и глумела во турскиот театар. Првата средба им била на концерт во Титово Ужице каде Селимова настапувала со КУД „Орце Николов“, а Желчески ја најавувал програмата. Во тоа време тој настапувал со Бадев, Анка Гиева и Верица Исјановска. Токму Верица, во екот на една од нивните големи југословенски турнеи се вљубила и одлучила да остане во Шабац, па Желчески бил принуден да бара друга партнерка за дуетските изведби. Разговарајќи со неговиот менаџер се сетил на средбата со Селимова.
Симпатии постоеле уште од првиот ден, но меѓу нив двајца не одело сѐ така лесно. Требало да поминат речиси осумнаесет години пред да стапат во брак-целата приказна прочитајте ја на Женски магазин, тука.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





