23 Ноември, 2024
0.0389

ЉУБОВТА ЌЕ ИМ ЦВЕТА НА ОВИЕ ХОРОСКОПИ ВО МАРТ: Дали сте вие?

Објавено во: Општо 14 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Терезија

Во март ќе бидете прилично активни кога станува збор за љубовта. Иако можеби сте во врска, сепак ќе се трудите никогаш да не ви биде досадно, а можни се и големи планови за унапредување на односите. Од друга страна пак, ако сте слободни, лесно ќе воочите прилика која може да ве направи среќни и нема да се плашите да пријдете први. Во љубовта во текот на овој месец, ќе се случуваат многу изненадувања, но вие сте подготвени да освоите нечие срце.

Шкорпија

Љубовта е насекаде околу вас, драги Шкорпии. Ако сте слободни, можете да го смените таквиот статус доколку сакате, но ако не сакате да се врзувате, уживајте во флертот. Ќе постои љубовен оган насекаде околу вас. Сакате да експериментирате и затоа ве очекува возбудлив период, особено доколку сте во врска.

Стрелец

Март за вас носи стабилност во постоечките односи. Време е да ги преиспитате своите чувства и да одлучите што сакате од себе, својот живот и својата врска. Доколку мислите дека постои некаков проблем, со партнерот треба да разговарате за можните решенија. Доколку се е цо ред, и вие сте среќни – треба да продолжите да го правите тоа што и досега го правевте и да не ги анализирате сите свои и нивни постапки. Ако не сте во врска, ви недостасува љубов, но не сакате да ги силите нештата, па само чекате нешто да се случи.

Јарец

Во текот на март ќе бидете прилично збунети кога станува збор за љубовта. Нема да бидете сигурно што сакате, без оглед на тоа дали сте во врска или не. Секако, доколку не гледате решение, не треба ни да го измислувате. Понекогаш е најпаметно да делувате спонтано, каков и момент да наиде. Немојте да ги силите работите, туку чекајте ги своите пет минути кога станува збор за љубовта.

Водолија

Ако сте слободни, голема е веројатноста дека конечно ќе ја пронајдете својата сродна душа која во потполност ќе ви одговара. Затоа, отворете ги очите и видете ја љубовта околу себе, таа е тука негде во секојдневните ситуации. Доколку сте во врска, ви престои преиспитување на приоритетите. Дали да останете во врска или да се борите за слобода. Дали е можно да ги споите тие две работи? Само слушајте ги своите чувства, а искрено разговарајте со партнерот.

Риби

Овој месец ќе ве мачи љубовта. доколку сте во долга врска, мора да се случи нешто конкретно, а ако вашиот партнер не споменува ништо, можеби би требало да преземете иницијатива. Секако, мора да тежнеете кон напредок во односите. Ако сте слободни, веројатно ќе сакате да се позанимавате со тоа да се „фрлите на трагање по сродната душа“. Но, кој бара, тој и наоѓа.



Претходна страна  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.