20 Април, 2024
0.0276

Љубовта која ја даваш, ќе ја добиеш назад: Искрено интервју со продуцентот Лазар Цветкоски

Објавено во: Стил 29 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

„Километри“, „Јако јако“, „Надеж“, песните на Лозано кои ги обожаваат цели семејства и ги пеат полни сали се токму негово дело. Иста е приказната и со „Што сака нека биде“ од ДНК, и сите нивни хитови кои ги полнат клубовите и салите. И тие музички, аранжмански и продуцентски ги создава Лазар Цветкоски, а приказната ја збогатуваат текстовите на неговата сестра Магдалена- Ена. Не случајно, Тамара Тодевска го избра токму Лазар да биде дел од тимот кој ќе ја создаде евровизиската песна „Proud“. Тинејџерската ѕвезда Антониа Гиговска реши кариерата да ја гради со песни излезени од неговото студио. Лазе е еден од нашите најуспешни композитори. Талентиран е за цртање, свири неколку инструменти, Жељко Јоскимовиќ испеа негова песна, работи музика за пејачи од Лондон, филмска музика. Сепак, тој е многу едноставен и скромен и тоа е она што фасцинира кај него. Вели дека сака едноставни работи, и се труди на едноставен начин да ја пренесе емоцијата кај луѓето преку музиката. Лазе ни беше одличен домаќин, топло нѐ пречека токму на местото каде што се раѓаат сите хитови, во неговото студио во Тетово.

* Беше дел од авторскиот тим на Тамара на „Евросонг“ во Тел Авив. Успехот на песната „Proud“ сите нѐ направи горди, дали седмото место ги оправда твоите очекувања?

- Немам никогаш очекувања за ништо што работам, бидејќи тие очекувања ме враќаат назад. Ме отповаруваат дека треба да се случи ова или она, и затоа воопшто ги немам. Кога веќе ја имавме песната во рака, кога се споивме сите, со Дарко Димитров, со Роберт Билбилов, со Коста Петров, кога се споија нашите енергии, некако песната си излезе природно, без многу форсирање.

Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган