07 Октомври, 2024
0.0265

Љубовта ме однесе во Будимпешта: Интервју со лекторот Златко Панзов

Објавено во: Стил 08 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Најчесто во странство се заминува од некаква мака (старите би рекле: на печалба) или љубов. Кај мене пресудно беше второто, вели Панзов, лектор по македонски јазик во Будимпешта

За успешно афирмирање на македонскиот јазик во Будимпешта е задолжен лекторот Златко Панзов. Со него поразговаравме на еден од часовите на Универзитетот, минути кои беа толку забавни што и самите студенти подоцна не сакаа да си заминат, па имаа се' повеќе прашања и идеи како да го усовршат градивото. 

* Пред да се одлучите да живеете во Будимпешта, бевте успешен професор во гимназијата во Гостивар, а сега веќе неколку години работите како лектор во Македонскиот лекторат во Будимпешта. Како започна цела таа приказна?

- Мојата приказна со Унгарија започна многу одамна. Од друга страна со Анамарија, мојата сопруга, повеќе од десет години се занимаваме со книжевен превод од унгарски и македонски јазик и веќе сме препознатливи на унгарската културна средина, па веројатно природно беше да ме консултираат за Лекторатот по македонски јазик, кој пред две години беше на работ на згаснување. Бев повикан на разговор од професор Иштван Лукач и ми беше понудено местото. Немав многу време за размислување, прифатив и така започна таа приказна. Лекторатот успеа да опстане благодарение на многу луѓе кои беа вклучени во процесот.

Целиот текст читајте го на Женски магазин тука.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни