25 Ноември, 2024
0.0357

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ: Антикорупциска ги доби трите ката од најдобрите простории со кои располага државата

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот Љупчо Николовски вели дека Државната комисија за спречување на корупцијата добила три ката од најдопбрите простории со кои располага државата. 

„На вчерашната владина седница соопштивме со одлука дека Државната комисија за спречување на корупцијата доби три ката во најдобрите простории со кои моментално располага државата, преку Службата за општи и зеднички работи“, рече вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски. 

Според информациите на Фактор, станува збор за зградата која е лепенка до седиштето на СОЗР. Односно, објект кој се наоѓа близу до Црквата Света Богородица.

Според него, СОЗР е дел од Владата, а просторот кој го доби ДКСК е на акционерско друштво кое си има сопствени кредити и давачки.

„Таму решававме еден проблем кој е наследен од едно режимско време. Меѓутоа, во ниту еден сегмент, ниту единствен ден не останавме неактивни во делот на борбата со корупцијата. Јас, на новата позиција која ја имам, се вложив максимално ДКСК да ги добие просториите. Утринава повторнио имав состанок со нив. Тие веќе навлегуваат во постапките. Значи, ДКСК веќе навистина ќе биде сместена во репрезентативни, убави, одлични услови, за кои се обезбедени и средства за реновирање. Обезбедени се и средства за софтверот, за кои имате право, во минатиот период не биле обезбедени средства, бидејќи влегле и во разговори и договарања за меѓународна помош за поддршка на софтверот. Јас на први септември, на првиот ден од мојот мандат, кажав дека проблем е неповрзаноста на ДКСК со останатите институции и ако сакаме да имаме ефикасна и бескомпромисна борба, која нема да зависи од човечкиот фактор, треба да ги ставиме на располагање на овие работи“, ртече Николовски.

Според него, буџетот на ДКСК е дуиплиран, и тој проблем се надминува. 

„Денеска дури и разговаравме за искуствата на ДКСК за слабостите на новиот закон од 2019 година, како и формирање работна група со министерот за правда, за да ги отстраниме сите слабости со кои се соочуваат членовите на комисијата“, рече вицепремиерот за борба со корупцијата.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ