11 Декември, 2025
0.0580

Љупчо Николовски: Под ризик се 100 милиони евра од ИПАРД по вчерашното апсење

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2025 15:10

Добивај вести на Viber

Пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски, инаку поранешен министер за земјоделство, објави дека под ризик се 100 милиони евра да бидат повлечени од ИПАРД-3 програмата на ЕУ за субвенционирање на програмите во Македонија, по апсењето на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството.

Илија Стоилев, кој вчера беше уапсен, денес од полициска станица е изведен пред судија на претходна постапка во кривичниот суд, каде што ќе треба да му се одреди дали ќе добие притвор.

„Колку пати алармирав, укажував, зборев во текот на изминатата година – дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се создава систем на клиентелизам, влијанија и злоупотреби. Предупредував јавно дека ИПАРД 3 ќе крахира. Дека со вакви практики се загрозува кредибилитетот на државата пред Европската комисија и се става под ризик целата ИПАРД 3 програма, вредна околу 100 милиони евра, која требаше да биде двигател на македонското земјоделство.

Денес гледаме како тоа станува реалност – уапсен директор на Агенцијата, фатен на дело при земање мито, токму во институцијата што требаше да ја симболизира европската поддршка за нашите земјоделци, а воедно помогнат и од службеници кои биле дел од кабинетот на Министерот Трипуновски“, реагира Николовски.

Тој смета дека ова не е изолиран инцидент, туку последица на политичко поставување луѓе без интегритет и додава дека додека тој бил министер ИПАРД-програмата била најуспешно реализирана во земјоделството.

„Срамно е да се дозволи успехот што го изградивме, 100% искористеност на ИПАРД 2, 2369 договори и реализирани инвестиции да биде доведен во прашање заради корупција и лични интереси.

И сега, дали поради сето ова Европската комисија веќе денес се подготвува за стопирање на ИПАРД 3 програмата за Македонија?

Дали ќе има стопирање на сите исплати за веќе реализираните инвестиции, стопирање на потпишување на нови договори и објава на нови повици ?

За само една година успеавте да ја уништите довербата што ја градевме со години, и притоа земјоделците да ја платат цената на вашата корупција и неспособност“, гласи коментарот на Николовски.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста

Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“

Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас

Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас

Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат

Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат

Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе

Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе

Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста

Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста

ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани

ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани

Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии

Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии

„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов

„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов