11 Декември, 2025
0.0371

„ЉУПЧО, ТИ ТЕКНУВА КОГА ВРВНО ДОСТИГНУВАЊЕ ТИ БЕШЕ БРОЕЊЕ НА ИСПИЕНИ ЧАШИ ВОДА?“ Трипуновски му возврати на Николовски

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2025 09:09

Добивај вести на Viber

По барањето за оставка од страна на Љупчо Николовски, експресно со контра реплика се огласи министерот Трипуновски.
Љупчо Николовски очигледно не може да го разбере моето гостување во централниот дневник на ТВ Сител каде јасно и прецизно за народот ја објаснив целата ситуација, но толку му е капацитетот. Умот го користи исклучиво за криминал и ширење страв и паника кај земјоделците.

Неговата политичка кариера е завршена, па вака со манипулации се обидува вештачки да се одржи во јавноста, брзо заборави што им порачаа граѓаните на локалните избори пред скоро две недели. Со лаги и дезинформации не се владее.

И намести да глуми загрижен, добро би било да повика ОЈО да започне да го истражува неговото незаконско работење како поранешен министер.

Повторувам, нема простор за загриженост Брисел ја поздрави брзата реакција на Владата за истражување на случувањата во Агенцијата.Претходно СДС во опозиција кодошеа и ја кочеа Македонија надвор, но тоа сега не им успева.

Владата останува посветена на транспарентно и отчетно работење, спроведување на реформите, подобрување на условите за живот на граѓаните и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.

На крај би му препорачал, Љупчо ти текнува кога беше антикорупционер и врвно достигнување ти беше броењето на испиени чаши со вода на министрите, додека тоневте во криминал цела влада? Епа сега за разлика од претходно, се апси, нема повеќе наш и ваш. Принципот по кој владееше ти и владата на СДС, како до сега ЗАВРШИ. Навикни се, сега има закон, правила и прописи кои мора да се почитуваат. Секој што се огрешил пред законот и направил злоупотреба на службената позиција мора и ќе одговара“, напиша тој.



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела

Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела

Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија

Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија

Ова ќе ги погоди сите љубители на кафе – вкусот никогаш повеќе нема да биде ист

Ова ќе ги погоди сите љубители на кафе – вкусот никогаш повеќе нема да биде ист

Заварувачи, готвачи, електричари - кои се другите дефицитарни професии во Европа?

Заварувачи, готвачи, електричари - кои се другите дефицитарни професии во Европа?

Руски министер открива правило кое ѝ помогнало на Москва да издржи повеќе од 30.000 санкции

Руски министер открива правило кое ѝ помогнало на Москва да издржи повеќе од 30.000 санкции

Пратениците го изгласаа Буџетот за 2026 година, колкави приходи и расходи се планирани?

Пратениците го изгласаа Буџетот за 2026 година, колкави приходи и расходи се планирани?

Цената на среброто е на историски максимум, поскапува и платината

Цената на среброто е на историски максимум, поскапува и платината

СИЛНА ДИНАМИКА ЗА КОМПЛЕТИРАЊЕ НА АВТОПАТСКОТО РЕШЕНИЕ НА КОРИДОРОТ 8: Николоски со видео го објави напредокот на изградбата

СИЛНА ДИНАМИКА ЗА КОМПЛЕТИРАЊЕ НА АВТОПАТСКОТО РЕШЕНИЕ НА КОРИДОРОТ 8: Николоски со видео го објави напредокот на изградбата

ЕУ се согласи за нов пакет санкции против Русија: 40 танкери и десетина поединци на листата

ЕУ се согласи за нов пакет санкции против Русија: 40 танкери и десетина поединци на листата