23 Ноември, 2024
0.0287

Интервју со Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком

Љушев: 5G технологијата ќе го смени светот

Објавено во: Економија, Интервјуа 18 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

„Интернет на нештата“, вештачка интелигенција, роботика, виртуелна реалност, на прагот сме на нова индустриска револуција која ќе го смени не само начинот на којшто комуницираме, туку и оној на којшто живееме. Што точно новата технологија ќе направи за нас, зошто ни е потребна, како ќе го направи нашиот живот подобар, општеството похумано?Кои се ризиците што може да ги донесе, како ќе се справиме со нив? А каде е Македонија во целата глобална приказна за дигитализација и 5G? Разговаравме со Никола Љушев, Главниот извршен директор на Македонски Телеком, инженер по вокација и човек со долгогодишно искуство во телекомуникациската индустрија. 

Во едно поинакво интервју Љушев говори за 5G технологијата која е белег на новата генерација, за новата индустриска револуција ама и за предизвиците од неа.

Сè почесто се зборува за „Интернет на нештата“ за 5G – технологијата на новата генерација, за новата индустриска револуција, за последиците од тоа...

Љушев: Токму така, 5G за човештвото ќе биде она што парната машина беше за првата индустриска револуција, електричната енергија за втората, а компјутерите и информатичките технологии за третата. Она што претстои, а што во моментов само можеме да го насетиме навестува дека новата индустриска револуција целосно ќе се смени светот во кој живееме. Не само што ќе се комбинираат физичкиот, дигиталниот и биолошкиот свет, туку веројатно ќе се смени и самата суштина, па и природата на човекот, каков што постои денес. Со развојот на вештачката интелигенција ќе се доведе под прашање, што воопшто значи да се биде човек, односно „homo sapiens“. Доколку до сега човековата еволуција се случувала во релативно долг временски период по природен пат, спојувањето на дигиталните можности во биолошките системи може да донесе да продолжиме да еволуираме во сосема нова насока.


Што ќе ни донесе тој квантен скок во технологијата, што ќе се смени во општеството, во секојдневниот живот?

Љушев:Не постои индустрија или област која ќе остане имуна на револуционерните промени што ќе ги донесе дигитализацијата, вештачката интелигенција, виртуелната или продолжената реалност и роботиката. 5G ќе биде крвотокот на оваа последна индустриска револуција и ќе донесе квантен скок во три димензии: екстремно брз податочен проток со брзини од неколку Gbps по корисник, енергетски ефикасна комуникација на огромен број машини или сензори и ултра доверливи комуникации во реално време.

Токму доверливата комуникација во реално време ќе биде една од главните придобивки на 5G технологијата. Замислете на патиштата автономно управувани автомобили, камиони, машини и роботи кои координирано функционираат благодарение на 5G... Сето ова звучи навистина футуристички, но многу извесно е дека наскоро ќе биде нашата реалност. Или традиционалната медицинска дијагностика да биде заменета со дијагностика на далечина благодарение на сензори во вашиот мобилен уред, паметен часовник или чип имплантиран во телото со што ќе се овозможи да се забележат физиолошки или хемиски промени во организмот во рана фаза, многу порано од појавата на првите симптоми. Замислете инвазивни медицински зафати во рурални подрачја да се вршат од далечина со помош на роботи кои се поврзани преку 5G со врвни медицински установи, каде што хирургот успешно оперира со помош на технологијата на виртуелна реалност и посебни сензори кои праќаат повратна информација, сензори со кои може да се почувствува цврстината и конзистентноста на ткивото или пулсирањето на срцето.

Зборуваме за похумано општество?

Љушев: Зборуваме за можности за похумано општество, замислете само колку сообраќајни несреќи ќе се спречат со автономните возила, во моментов има повеќе жртви од сообраќајни несреќи отколку од тероризам или војни. Доколку добро и паметно се искористат овие можности, технологијата треба да ни донесе подобрувања во сите сегменти на животот. Ќе ни овозможи операции од далечина, ќе можеме да го пресоздаваме односно да го „поправаме“ човечкото тело, ќе ни помогне да предвидуваме поплави, земјотреси, пожари, да ги заштитиме загрозените видови...

Ако погледнеме наназад, ние веќе живееме во похумано општество, само направете споредба со начинот на кој нашите предци живееле пред стотина години.


Се чини дека технологијата галопира последниве децении.

Љушев: Токму така, ако донесеме човек кој живеел во првите векови на новата ера одеднаш во 1800 година, културолошкиот и социолошкиот шок би бил помал, отколку некој од 1800 година да го донесеме во денешно време. Се чини дека последните 200 години се случувале многу поинтензивни и пофундаментални промени отколку оние за кои човекот бил сведок во првите 18 века. Истиот феномен на експоненцијално забрзување на промените го забележуваме и во технологијата, на пример со удвојување на мемориските капацитети и моќта на компјутерските процесори на секои 12-18 месеци изминатите 50-ина години.

Во суштина, од една страна имаме биолошки системи кои еволуирале во долг временски период и се чини дека сега стагнираат со тоа што ги достигнале лимитите на својот развој. Од друга страна, технолошките системи можат да бидат одговор на инхерентните ограничувања на биолошките системи. Симбиозата на технологијата и биолошкиот свет би придонела да живееме подолго, поквалитено и покреативно. Според Јувал Харари, израелски историчар и автор на бестселерите  „Сапиенс” и  „Хомо Деус“, човештвото ја достигнува критичната маса на знаења во дигиталните и био-технологиите со што се овозможува во иднина преку вградени сензори и процесори да ги надминеме биолошките ограничувања во когнитивните способности и на тој начин да еволуираме галопирачки. Генерацијата која во моментов ја населува нашата планета ќе го сведочи сопствениот премин во нова еволутивна фаза. Затоа едукацијата на новите генерации што ќе го водат светот утре е многу важен сегмент во целата приказна и на тоа треба да се работи.

Постојат и ризици во контекст на вештачката интелигенција, се отвораат прашања... Што мислите за ризиците што ќе ги донесе новата индустриска револуција?

Љушев: Секоја револуција со себе носи огромни промени, но и ризици, односно има позитивен и негативен потенцијал. Патот по кој треба да одиме е да ја насочиме вештачката интелигенција да ни служи нам, а не ние да ѝ служиме на технологијата. Секако, се претпоставуваат сценарија во кои вештачката интелигенција ќе прерасне во најголема закана за човештвото, сценарија од типот на Орвеловата 1984, каде што човекот веќе не е најмоќното суштество на земјата и живее угнетен во тоталитаризам од страна на софистицирани и ултра интелигентни машини. Во насока на превенција од ваквите опасни сценарија, сметам дека би било неодговорно нештата да се остават во позиција на саморегулација и стихија, без насочување и контрола на луѓето со одговорен хуманистички поглед. Затоа е многу важно да се разговара, дебатира и да се преземаат мерки за дигитална одговорност, да се едуцираат младите, за да можеме да го изградиме новиот свет на хуманистичка, етичка база, зашто сакале ние или не, влегуваме во новата ера.

Официјалниот почеток на 5G се планира во Европа во 2020 година. Каде е Македонија во таа приказна?

Љушев: Ние интензивно работиме на подготовки за воведување на оваа нова технологија и како дел од Дојче Телеком групацијата секако планираме да бидеме во чекор со европските земји. Неодамна ја изведовме и првата демонстрација на 5G брзини во Македонија и постигнавме брзина над 5-6 пати поголема од 4G брзините. Иако брзината е само мал дел од придобивките од 5G, постигнавме фасцинантна брзина – најголема демо брзина во Групацијата, на што сум особено горд. Се подготвуваме да почнеме со тестна имплементација на 5G технологијата во 2020 година. Што се однесува до корисничката опрема – уредите за фиксен пристап ќе бидат достапни на крајот од оваа година, а првите 5G телефони се очекува да стигнат во Македонија веќе во втората половина на 2019 година. Целосна имплементација на 5G со сите нејзини напредни функционалности се очекува во периодот по 2025 година. Тоа што сме мала земја не значи дека заостануваме во развојот на технологијата, напротив.


Какви подготовки и инвестиции се потребни за да се изгради 5G технологијата, што треба да се направи за да се „дигитализираме“ ?

Љушев: Со оглед на тоа што 5G е сосема нов стандард, значаен дел од инвестициите на телеком операторите во наредните 4-5 години ќе бидат за воведување на новата технологија, секако доколку сакаат да опстојат на пазарот. Се работи за сериозни мултимилионски инвестиции за да се изгради нов екосистем и да се задоволат различните барања и употребни случаи.

Ја вложуваме целата енергија и инвестираме за да ја ставиме технологијата во функција на граѓаните, за да може утре да бидеме доверлив партнер за целосна дигитализација на општеството. Работиме во многу динамично време, време на големи промени, но и на голема одговорност. Одговорност да можете да овозможите дигитализација. Телеком операторите преку нивните мрежи сега имаат многу важна задача, ние треба да ги изградиме „крвните садови“ на новиот свет, да го овозможиме влезот во новата ера. За тоа е потребна визија, искуство, инфраструктура и капацитет за инвестиции, а ние во Македонски Телеком сето тоа го имаме.

Велите дека најголемите инвестиции ќе бидат во новите технологии, како планирате да ги монетизирате овие инвестиции?

Не може да очекуваме во новата ера на „Интернет на нештата“ и 5G да функционираат старите бизнис модели. Ние целосно треба да ги смениме начините на водење на бизнисот, а со тоа и остварувањето на профит. Нашата компанија, но и целата индустрија, не може да очекува главниот приход да го добива од конективноста и дата пакетите. Но тие промени се сосема природни, во минатото говорниот сообраќај и СМС беа главен извор на нашите приходи.

Нашата индустрија треба да расте преку искористување на можностите за поделба на приходите коишто произлегуваат од „Интернет на нештата“ односно од остварување директни приходи од услугите што се изградени врз инфраструктурата на мрежите од новите генерации.

Кој технолошки напредок вас лично најмногу ве импресионира?

Љушев: Она што е најфасцинантно за мене се навестувањата за пробиви во делот на нано-медицината и можноста со помош на напредни технолошки достигнувања да се детектираат и поправаат „техничките” грешки во човечкиот организам. Тоа би бил патот по кој трајно би се лечеле дегенеративните болести, би се запирал процесот на стареење на ткивата и би се пролонгирало живеењето, со потенцијал целосно да се редефинира животот на земјата, односно она што сме го сметале за живот дотогаш. 

Александра Томиќ

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи