29 Септември, 2024
0.0355

Лога: Иницијативата за уставни измени најверојатно утре ќе биде усвоена од Владата

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Предлог иницијативата за уставни измени веќе од минатата недела е во владина постапка и најверојатно утре ќе биде разгледана и усвоена на Влада, изјави денеска министерот за правда Кренар Лога, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на канцеларија за бесплатна правна помош во општина Шуто Оризари.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во средата изјави дека очекува во наредните неколку недели иницијативата за уставни измени да се најде пред пратениците во Собранието и да почне собраниската процедура и дискусија, бидејќи, како што оцени, коректно и важно е секој пратеник да има можност да се изјасни за нив.

- Сигурен сум дека доколку го имаме вистинскиот пристап кон секој пратеник и му се објасни и важноста и одговорноста, и последиците од прифаќањето или не прифаќањето на овој предлог и на оваа иницијатива, мислам дека ќе дојдеме до две третини, изјави Маричиќ.

Според него, доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието сами ќе си поставиме блокада и ќе се запреме на европскиот пат.

Предлог-иницијативата за устави измени подготвена од работната група при Министертсвото за правда на почетокот на месецов беше доставена до Владата и како што беше најавено тогаш, ќе биде разгледана на некоја од наредните владини седници. Очекувањата тогаш беа дека уставните измени би можеле да влезат во Собранието во средината на месецов кога и формално ќе почнат да течат роковите за уставни измени. 


Можеби ќе ве интересира

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна